Разлика помеѓу преработките на „Грегоријански календар“

нема опис на уредувањето
 
== Месеци во годината ==
 
Годината во Грегоријанскиот календар е поделена на 12 месеци:
{| table border="1" cellpadding="2" cellspacing="0"
 
== Прифаќање на државно ниво ==
 
Во прво време, бидејќи Папата нема световна власт освен во Папската држава/Ватикан, Грегоријанскиот календар важел само за [[Римокатоличката црква]]. Во текот на првите децении по воведувањето прво го прифатиле државите во кои католичкото христијанство било официјална религија, додека протестантските држави и заедници го игнорирале или одбивале. Повеќето земји од Западна Европа, нивните колонии и државите кои произлегле од нив го имале прифатено календарот до средината на XVII век. Јапонија го прифатила во 1873 година, Кореа во 1895 г. а Кина во 1912 г. Во Советскиот Сојуз е прифатен во 1918 година, а последна европска земја што го прифатила била Грција во 1923 г.
 
 
== Прифаќање од другите христијански цркви ==
 
Наспроти граѓанските прифаќања, ниту една православна црква го нема признаено Грегоријанскиот календар за црковни или религиозни намени. Наместо тоа, во мај 1923 година била предложена нова верзија на [[Јулијански календар|Јулијанскиот календар]], кој испуштил 13 дена во 1923 година и вовел поинаква престапна година. До 2003 година овој и Грегоријанскиот календар нема да се разликуваат. Ревидираниот Јулијански календар го прифатиле Цариградската патријаршија, Грчката Православна Црква од Александрија, Грчката Православна Црква од Антиохија, како и националните православни цркви на Грција, Кипар, Романија и Бугарија. До 2800 година овие Новокалендарски цркви ќе го прославуваат Божиќ на 25 декември според Грегоријанскиот календар, на ист ден како западните цркви.
 
За разлика од другите источни цркви, Финската Православна Црква го прославува Велигден според Грегоријанскиот календар.
 
== Поврзано ==
== Види исто така ==
* [[Јулијански календар]]
 
 
== Наводи ==