Андре Шенје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Simata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Simata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
Поет до последната минута од својот живот, чекори по ''dernière charrette'', или ''последниот пат'' заедно со Руше, својот пријател од затворот. Двајцата рецитирајќи стихови од [[Расин]]овата [[Андромаха]], се движат кон гиљотината. Шение, политичкиот маченик, е обезглавен на [[25 Јули]] на плоштадот Бариер Ранверсе (сега Плоштад Венсен). Во миговите пред да биде ставен на страшната направа, се допира за челото и извикува: ''„Сепак, имав нешто овдека!“'' Toj e запаметен како една од последните еминентни жртви во времето на власта на [[Теророт]], која завршува само три дена подоцна – со смртта на [[Робеспјер]] за кого се верува дека не ги заборавил памфлетите на Шение и лично се ангажирал околу обвинението (најчесто егзекуциите се извршувале на Плоштадот на Револуцијата, претходно Плоштад [[Луј XV]], а денеска Плоштад [[Конкорд]] – но за време на последните денови на Теророт, имало толку многу смртни казни, што морало да се постават уште неколку губилишта на повеќе места). Шение, поетот-маченик бил откриен дури во [[1819]] година, кога [[Анри де Латуш]] ги објавува неговите комплетни поетски дела, дотогаш чувани од неговото семејство како бесценета реликвија; тоа е период кога монархијата повторно е воспоставена, а револуционерните турбуленции се одамна минато.
 
[[Слика:1ChenierGraveSm.jpg|десно|мини|250п|Гробот на Андре Шение во париските гробишта Пер Лашез]]
Тој веднаш станува идол на младите [[Романтичари]], кои во него гледаат претходник на нивното движење. Неговиот живот, особено неговите последни творби, испирирале бројни дела, меѓу кои се издвојуваат операта на [[Умберто Џордано]], и [[Дикенс]]оновата ''Приказна за Двата Града''.