Бил Гејтс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
Откако завршил во Lakeside School, постигнал 1590 од 1600 поени на SAT(вид на покагање матура), и се запишал на Харвард во 1973та. Иако планирал да започне кариера на правник, сепак на Харвард тој повеќе време поминувал на компјутер отколку на друго место. Сепак успевал со неколку часа учење малку спиење да биде солиден студент. Во 1974тата со Пол Ален решиле да се обидат да основаат компјутерска софтверска компанија.
Бил Гејтс се оженил на први јануари, 1994 со сопругата Мелинда. Таа имала 33 години, а тој имал 42 години. Имаат три деца, Џенифер Катарина(1996), Рори Џон(1999) и Фиби Адел(2002). Нивниот имот кој се протега на 6100 метри квадратни, во чија што близина се наоѓа 18 метарски базен е опремен со подводен музички систем. Во своја приватна сопственост поседува неколку записи на Леонардо да Винчи за кои потрошил преку 30 милиони долари
==Творештво==
Бил Гејтс има создадено многу програми и некој од најпознатите оперативни системи. На почетокот со Пол Ален прилагодувале програми за работа со одредени компјутери, но по основањето на Мајкрософот започнале со свои креации. Првиот оперативен систем бил MS-DOS. Потоа во 1985та година следувал Windows. За него се создале и Microsoft Office Suite,т.е. анцелариските алатки:Word, Excel, Powerpoint како и Internet Explorer. Одтогаш Windows и неговите помошни програми и алатки напредуваат и се надградуваат. Во 2000та година со неговата сопргуга Мелинда Гејтс ја основаат "Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс" преку која имаат донирано околу 28 билиони долари. Бил Гејтс има напишано и две книги: "The Road Ahead"(1995) и "Business @ the Speed of Thought". Се има појавено и во два филма: "Waiting For Superman" и "Pirates of Silicon Valley".
==Microsoft==
Првиот проект на Пол Ален и Бил Гејтс бил Altair Basic. Откако му завршил договорот Пол Ален со MITS го дал името на компанијата Micro-Soft. Како независни тие продолжиле да равиваат софтвер за различни системи. Тогаш, на први јануари 1979та година го преместиле седиштето во Албукерки. Овој период го има одбележано писмото на Бил Гејтс до луѓето чие хоби биле компјутерите. После еден проток на оперативниот систем тој станал многу популарен кај нив. Тој напишал писмо во кое им се обратил и велело дека доколку тие не сакаат да платат за софтверот кој го користат бидејќи "го спречуваат добриот софтвер да биде напишан". Ова писмо не наишло на одобрување кај нив. Следен проект бил првиот оперативен систем кој компанијата го пуштила во продажба, Microsoft-овата варијација на Unix наречена Xenix. Првиот Word текстуален едитор се појавил на Xenix. Следен бил DOS, оперативниот систем кој ја донел славата на Microsoft. Тој бил откупен за 50 000 долари пред да се прилагоди за IBM. IBM го побарале изворниот код, но Гејтс не се согласил што му дозволило на Microsoft да го лиценцира софтверот на кого и да посака. Наскоро бил изнесен нов софтвер Softcard, што му овозможило на Microsoft BASIC да функционира и на Apple II. Во 1983тата година нивниот софтвер зафаќал повеќе од 30% од софтверот на продажба во Европа и Азија. DOS се испопуларизирал најмногу со домашниот компјутерски систем на Microsoft наречен MSX-DOS. Во 1985та во продажба бил пуштен Microsoft Windows ( Windows 1.0 ) кој е првиот Windows. Тој бил графичка екстензија на MS-DOS.
Во меѓувреме бил исфрлен пакетот Microsoft Works интегриран програм за канцелариски работи во кој обично се наоѓал текстуален едитор, работна тетратка и база на податоци и други апликации. Microsoft бил популарен до 1988та кога Microsoft Оffice бил исфрлен на пазарот и станал најуспешен канцелариски пакет со апликации. Во 1990та година бил пуштен во продажба Windows 3.0. Тој бил првиот оперативен систем на Microsoft со графички интерфејс. Потоа во 1992 следувал Windows 3.1, потоа во 1995та Windows 1995, во 1998мата следувал Windows 1998.
Ред 33:
До 2007мата Windows XP не добиваше следбеник, но апликациите кој ја помагаа работата со него се размножуваа навистина брзо. Во 2007мата излегла многу очекуваната Windows Vista, заедно со Microsoft Office 2007. Последен е Windows 7. Овој оперативен систем е најнов, а со тоа и секако најнапреден. 2011та година Microsoft ги откупија Skype Communications за 8.5 билиони долари.
Се сметал за вербално борбелив(информации од луѓе кои работеле за него и ја имале честа да го запознаат), и било познато дека многу се лутел кога некој не е достапен на неговиот телефон или пак не одговара. Исто така на состаноците знаел да биде сарксастичен и ако мислел дека некоја идеја е глупава не го криел своето мислење.
==Филантропија==
Во 1994та година Бил Гејтс ја основа William H. Gates Foundation. Таа функционирала се до 2000та година кога со неговата сопруга искомбинирале 3 семејни фондации во новата Bill & Melinda Gates Foundation која е најголемата транспарентна добротворна организација во светот.
Дарежливото и љубезно донирање од страна на Дејвид Рокафелер, се смета дека има најголемо влијание за поттикнување на желбата за донирање во добротворни цели кај Бил Гејтс. Тој и неговиот татко повеќе пати се сретнале со Рокафелер, при што се фокусирале на помагање на оние делови кој се најзапоставени од страна на владите и нивните организации. Од 2007мата година до 2011та фондацијата на Бил Гејтс и неговата сопруга има донирано околу 28 билиони долари во добротворни цели, како дел од нивниот план да дадат 95% од нивното богатство.