Симонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
Мешањето на световната со духовната власт во Средниот век предизвикувало бескрајни проблеми со симонијата и обвинувања за симонија. Световните владетели сакале да ги вработуваат образованите и централно организирани свештеници во нивните администрации и често се однесувале кон нивните духовни позиции како додавки на нивните световни административни улоги.
 
На териториите под власт на нехристијански владетели, како [[Османлиското Царство]], била задржана црковната структура од претходниот период како дел од државниот апарат одговорен за раководење со христијанското население. „Црквата во отоманскиот период претставувала институција на системот и била задолжена за многу работи, меѓу кои, на пример, било и собирањето данок.“<ref>Вангели, А. [http://vuna.info/vuna/archives/558 Деконструкција„Деконструкција на митот за МПЦМПЦ“] првобитно објавено во Глобус на 02.03.2010, реобјавено на блогот Вуна 10.06.2010. Пристапено на 22.12.2011.</ref>
 
== Православна црква ==
 
Епископот Хераклејски г. Климент, секретар на Светиот Архиерејски Синод на [[Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија|Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија]], има изјавено дека „симонија“ е древен израз кој означува корупцијата.<ref>Незири, Џ. и Николовски, М. (2008) "[http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0345DCF5FD25B94DB3F69AEDC1973325 Корупција„Корупција во име на богабога“]", Вечер,. пристапеноПристапено на 22.12.2011.</ref>
:,,Своето име го добил според Симон кој на апостолите им нудел пари за да добие свештеничка власт. Големиот авторитет за црковното право д-р Никодим Милаш вели: за симонија виновен е не само оној кој за пари ракополага или произведува во ерархиски степени, туку и оној кој го прима ракополагањето за пари, а исто така и сите оние кои посредуваат во тоа. Според тежината на овој престап секому му е допуштено да подигне тужба за симонист, и без разлика се прима секој сведок, и потполно се уважува неговото сведоштво, освен во еден случај, ако се докаже дека свесно настојува да клевети. А според истата тежина на престапот, и заради тоа што со симонијата се руши целата зграда на црковниот организам, за симонијата каноните налагаат најстрашни казни: Епископ, кој ќе се затекне во симонија од било кој вид се расчинува. Оној кој добил ракополагање или било какво достоинство на еден од овие начини кои погоре ги споменавме, подлежи на анатема откако ќе биде расчинет од чинот кој незаконски го добил. Лицата пак, кои посредувале во такви беззаконски дејствија, ако припаѓаат на клирот биваат расчинети, а мирјаните подлежат на анатема", вели епископот Хераклејски г. Климент.