Свјатослав Рихтер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додаје: es:Sviatoslav Richter
Simata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
Редовно во салонот кадешто настапувал барал светлата да бидат изгаснати, со само една мала светилка кај клавијатурата, за да може тој да гледа во неа, сметајќи дека така атмосферата е поинтимна и емоциите полесно допираат до слушателот, а неговата диспонираност и внимание е поголема. Секогаш свирел напамет, сѐ до еден концерт во почетокот на осумдесеттите, кога сосема неочекувано, добива мемориска блокада, и иако до крајот поминува сè како што треба, тој оттогаш на сите концерти до крајот на животот одбива да настапува без нотната партитура.
 
Неговата брилијантна техника и изразита моќ прави неговите слушатели да го следат со подотворена уста, речиси недишејќине дишејќи на одредени фрази, доживувајќи ги неговите изведби како еден вид музичка магија. Голем човек, со градба на атлет, со големи, но гипки раце; можел да опфати и свири цела октава само со палецот и показалецот. Сепак, најголемата карактеристика на Рихтер како изведувач, она по што се разликуваат големите изведувачи од просечните, е моќта на трансформацијата, зачудувачката прилагодливост кон различните стилови и епохи што ги изведувал во една иста вечер, комбинирана со харизмата составена од суптилни и нежни емоции со коиштокои ги оживува композициите до најситните и мисли и расположенија наметнати од композиторот; од [[Скарлати]] до [[Дебиси]], од [[Шопен]] до [[Рахмањинов]], од [[Бах]] до [[Прокофјев]], од [[Бетовен]] до Шостакович, големи временски и стилски паралели, во коишто тој е ненадминат – убедливо, верно, точно, прецизно го доловува и презентира времето на кое изведуваното дело припаѓа. Вистински прикажувач и волшебник.
 
==Надворешни врски==