Жан-Жак Русо: Разлика помеѓу преработките

Одземен 3.121 бајт ,  пред 10 години
}}
'''Жан Жак Русо''' ([[фр.]] ''Jean-Jacques Rousseau'', {{роден на|28|јуни|1712}} – {{починат на|2|јули|1778}}) бил [[Франција|француски]] [[философ]] роден во [[Женева]] од периодот на [[просветителство]]то чиишто политички идеи влијаеле на [[Француска револуција|Француската револуција]], развојот на [[Социјализам|социјалистичката]] теорија и растењето на [[Национализам|национализмот]]. Неговиот легитимитет како [[Радикализам|радикал]] и [[револуционер]] е можеби најдобро прикажан во „[[Општествениот договор]]“: „Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови“.<ref>{{цитирана книга|last=Русо|first=Жан-Жак|title=Општествениот договор или начела на државното право|editor=Јован Таковски (преведувач)|publisher=Мисла, Култура, Наша книга|location=Скопје |date=1978}}</ref> Неговите останки се чуваат во [[Пантеон]]от.
 
== Делото на Русо ==
Жан Жак Русо е соработник на „Енциклопедијата“ кој ненадејно се здобива со популарност со статијата „Дали обновата на науките и уметностите придонела кон моралното прочистување?“, која предизвикала толку внимание, пред сè, поради актуелноста. Вистинскиот текст со кој Русо се прославил со покритие бил текстот „За потеклото на нееднаквоста меѓу луѓето“, кој е вистинска академска расправа во која Русо ја изложува јатката на својата политичка мисла. Своите философски ставови ги искажал во текстовите „[[Општествениот договор]]“ (со идеи за можни реформи на државното уредување) и „Емил“ (трактат за воспитанието на човекот кој би требало да се вклучи во граѓанското општество). Русо од своите современици се разликува по тоа што го негира разумот на сметка на чувственоста. Неговата љубов кон природата е во согласност со тезата дека смислата на човечкиот живот е во чувствата и во неговата хармонија со природата.
 
Русо, кој инаку не ги сакал [[театар]]от и [[роман]]от, се решил на оваа форма сакајќи да ја искористи нејзината еластична форма и во неа вметнал различни видови на текстови - расправи и трактати за различни проблеми од неговото време. Според овие одлики, неговите дела „[[Јулија или Новата Елоиза]]“ (епистоларен роман кој доживеал невидена популарност), „Португалски писма“ (несреќен љубовен роман), а особено „Исповеди“ (во кои писателот станува лик во делото во кое инсистира на самоанализата на чувствата и на имагинацијата), припаѓаат на [[Сентиментализам|сентиментализмот]], но во творештвото на Русо препознаваме и некои елементи (субјективноста, музикалноста, лиризмот, чувството за природата), кои ќе го определат како предвесник на [[Романтизам|романтизмот]].
 
== Наводи ==
Анонимен корисник