Риека: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 111:
 
Градот уште во [[19 век]] поради својата идеална географска положба и длабочината на морето во [[Ријечки залив|Ријечкиот залив]], како дел од поголемиот [[Кварнерски залив]] на [[Јадранското море]], се развил во едно од најголемите средноевропски [[пристаниште|пристаништа]] и моќно индустриско средиште. Денес Ријека е најголемо морско пристаниште во [[Хрватска]]. Од индустриските гранки најразвиено е бродоградителството. Во градот се наоѓаат две голе бродоградилишта: „[[Бродоградилиште 3 мај|3 мај]]“ и „[[Бродоградилиште Виктор Ленац|Виктор Ленац]]“. Ријека била значајна и како едно од најважните финансиски средишта во поранешна [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија|Југославија]].
 
Во Ријека се наоѓа [[Хрватски народен театар|Хрватскиот народен театар]] [[Иван Зајц|Иван пл. Зајц]] изграден во 1885 година и [[универзитет]]от во Ријека, основан во [[1973]] година.
 
==Природна основа==
[[Слика:Mošćenice026.jpg|300п|мини|лево|[[Ријечки залив|Ријечкиот залив]] со [[Опатија]] и Ријека во позадина]]
Широкото подрачје на Ријека е изградено од [[варовник]] со [[мезозојска ера|мезозојска]] старост, додека пак во северниот дел околу [[Кастав]] се наоѓаат зони изградени од [[доломит]]. Местимично преку [[Варовник|варовничките]] основи се наталожени непропусни наслаги од [[флиш]] со [[палеоген]]ска старост, кои најчесто се наоѓаат во [[удолнина|удолнините]]. Па така во релјефот на подрачјето постои размена на [[Варовник|варовнички]] [[Гребен (облик на релјеф)|гребени]] со [[доломит]]ски или [[флиш]]ни [[удолнина|удолнини]].
 
== Видете уште ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Риека