Столб на Јустинијан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 1:
'''Столбот на Јустинијан''' претставувал римски триумфален столб кој се наоѓал во [[Константинопол]], денешен [[Истанбул]], [[Турција]]. Овој [[столб]] бил изграден во времето на византискиот император [[Јустинијан I]] во [[543]] година во чест на неговите пообеди. Овој столб бил поставен во западниот дел од плоштадот [[Августајон]], меѓу [[Аја Софија]] и [[Големата палата во Константинопол|Големата палата]]. Столбот бил разрушен во времето на [[Османлии]]те во текот на [[16 век]].
 
== Опис Историја==
 
Столбот бил изграден од тули, а бил покриен од месингови плакети<ref name="ODB">Kazhdan (1991), p. 232</ref>. Столбот стоел на мермерен пиедестал со седум скали, а на нејзниот врв се наошала бронзена статуа на Јустинијан I во триумфална облека (облеката на Ахил, како што го нарекол Прокопиј). Во левата рака држел глобус, а со десната рака ја протегал кон исток<ref name="Procopius">Procopius, ''[http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Procopius/Buildings/1B*.html De Aedificiis]'', I.2.1–11</ref>. Според некои натписи, се смета дека на ова место имало статуа на Теодосиј I или Теодосиј II<ref name="ODB"/><ref name="Majeska239">Majeska (1984), p. 239</ref>.
Ред 8:
 
Според Кристофоро, столбот бил висок 70 метри. Тој се гледал дури од морето.
 
Голем дел од населението, до 15 век сметале дека станува збор за основачот на градот [[Константин Велики]]<ref name="Majeska239"/>, а според Крикијак за Ираклиј<ref name="Majeska239"/>. Исто така се сметало дека наместо глобус, човекот од статуата држи јаболко<ref name=Finkel>Finkel (2006), p. 53</ref>. По падот на овој дел од столбот, некаде во периодот од 1422 до 1427 година, овој чин се сметал за несреќа која го очекува на градот<ref>Majeska (1984), p. 240</ref>. Веднаш по освојувањето на градот, Османлиите ја отстраниле статуата како симбол на нивната власт, а столбот најверојатно бил разрушен во [[1515]] година.<ref name=Finkel>Finkel (2006), p. 53</ref>. Пјер Жил, кој живеел во градот во 1540-тите, напишал дека останатите фрагменти од статуата биле во Топкапи Сарај, пред да бидат потопени за создавање на топови<ref name=Finkel/>: