Разлика помеѓу преработките на „Августајон“

Додаден 41 бајт ,  пред 9 години
== Локација ==
 
Плоштадот се наоѓал во источниот дел од Константинопол, кој во времето на Византија претставувал административен, верски и церемонијален центар на градот. Плоштадот имал правоаголна форма, и бил ограден со столбови. Најверојатно првите столбови биле изградени во 459 година, и обновени од страна на Јустинијан. Во денешно време е невозможно да се утврдат нговите димензии. Според некои, плоштадот бил голем 85 х 65 метри<ref name="EHW"/>.
 
На својата источна страна плоштадот граничел со катедралната црква Света Софија и палатата на Патријархот. На запад граничел со сенаторската палата која била изградена од страна на Константин или Јулијан (360-363), на југоисточниот дел се наоѓала Чалке порта односно влезот од императорската палата, а на југозападниот дел се наоѓале големите бањи. Тома I Константинополски во почетокот на 7 век изградил базилика во југоисточниот дел од градот.
 
Плоштадот бил поплочен од мермер, и имал неколку статуи на императорите на [[Византија]]. Во времето на [[Теодосиј Велики]] (379-395), статуите на синовите на Константин Велики биле заменети со Аркадиј и Хонориј. Една бронзена статуа на Евдоксија исто така стоела на плоштадот. Паганските обичаи биле критикувани од страна на [[Јован Златоуст]], предизвикувајќи гнев кај цароцатацарицата, по кое следувал прогон на Јован. Голем дел од статуите биле откриени во [[1848]] година, и денеска се наоѓаат во дворот на Света Софија. Во времето на Јустинијан, во центарот на плоштадот бил изграден голем столб, познат како [[Столб на Јустинијан]]. Во 16 век, столбот бил разрушен од страна на Османлиите[[Османлии]]те.
 
== Наводи ==