Разлика помеѓу преработките на „Августајон“

Додаден 1.601 бајт ,  пред 9 години
 
Овој плоштад од времето на Јустинијан главно во следните векови не бил реновиран. Во доцниот [[13 век]], по обновувањето на градот од страна на [[Латинската Империја]], плоштадот изгледал како да се наоѓа во склоп на Света Софија. Во [[15 век]], италијанскиот патник Кристофоро напишал дека плоштадот се наоѓа во урнатини, а веќе во 1540-тите, од него останале само седум столба<ref name="EHW"/>.
 
== Локација ==
 
Плоштадот се наоѓал во источниот дел од Константинопол, кој во времето на Византија претставувал административен, верски и церемонијален центар на градот. Плоштадот имал правоаголна форма, и бил ограден со столбови. Најверојатно првите столбови биле изградени во 459 година, и обновени од страна на Јустинијан. Во денешно време е невозможно да се утврдат нговите димензии. Според некои, плоштадот бил голем 85 х 65 метри.
 
На својата источна страна плоштадот граничел со катедралната црква Света Софија и палатата на Патријархот. На запад граничел со сенаторската палата која била изградена од страна на Константин или Јулијан (360-363), на југоисточниот дел се наоѓала Чалке порта односно влезот од императорската палата, а на југозападниот дел се наоѓале големите бањи. Тома I Константинополски во почетокот на 7 век изградил базилика во југоисточниот дел од градот.
 
== Наводи ==