Галата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
* ''Галат'' - што го означува племето [[Гали]].
 
Областа уште во почетокот на [[5 век]] била градско преградие, а во времето на [[Теодосиј II]], кога биле изградени [[Цариградски ѕидини|ѕидините]] започнала да се нарекува Галата, за да по доаѓањето на [[Османлии|Османлиите]] започне да се нарекува Пера.
 
=== Византиска империја===
 
Најголемо значење областа добила кога била изградена [[кула Галата|кулата Галата]], која во најголем дел служела за одбрана на градот и набљудување на морето односно бродовите кои доаѓале од [[Златен Рог|Златниот Рог]]. Во времето кога [[Византија]] стапила во трговски контакти со земјите од [[Западна Европа]], Пера станала еден од најголемите трговски центри на џеновските и венецијанските трговци.
 
Во текот на 11 век, овде се наоѓала еврејската заедница на градот, која броела околу 2,500 луѓе.<ref name="ODB815">{{citation | editor-first = Alexander | editor-last = Kazhdan |editor-link=Alexander Kazhdan | title = [[Oxford Dictionary of Byzantium]] | publisher = Oxford University Press | year = 1991 | isbn = 978-0-19-504652-6 | page=815}}</ref>. Во 1171 година, оваа џеновска населба била скоро уништена<ref name=Norwich104>John Julius Norwich, A History of Venice, First Vintage Books Edition May 1986, p. 104</ref>. Ова бил повод византискиот император [[Мануел I Комнен]] да затвори голем број на луѓе од Венеција и да ги конфискува нивните имоти, осудувајќи ги директно за настанот<ref name=Norwich104/>.
 
Во [[1203]] година, реонот бил тешко погоден во текот на [[Опсада на Константинопол (1203)|опсадата на градот]]<ref name="ODB815"/> .
 
=== Латинска империја===
 
По крајот на [[Четврта крстоносна војна|четвртата крстоносна војна]], Галата била приклучена во составот на [[Венецијанска република|Венецијанската република]]. Подоцна областа била главниот премин на крстоносните бродови за [[Опсада на Константинопол (1204)|падот на Константинопол]] во [[1204]] година.
 
=== Византиска империја===
Ред 30:
По повторното воспоставување на византиска власт во градот во [[1261]] година, Венецијаните биле протерани од Галата. Во знак на благодарност кон [[Џеновска република|Џенова]]<ref name="ODB815"/>, која помогнала во зазимањето на градот, императорот [[Михаил VIII Палеолог]] Галата ја дал под нивна контрола. По ова, разрушената кула била повторно обновена, а Пера станала нивна трговска колонија.
 
Во текот на овој период започнале да се градат ѕидини околу Галата. Денеска постои само еден мал дел од тие ѕидини, кои се наоѓаат во близина на кулата. Овде била изградена официјалната палата на Галата во [[1316]] година<ref>[http://www.obmuze.com/eng/pop_muze_voyvoda_bilgi.asp?sfNo=22 Ottoman Bank Museum: Bereket Han on Bankalar Caddesi]</ref>, која денеска е во руина.
По падот на Константинопол во [[1453]] година, Џеновската република била официјално неутрална, но под притисок на [[Византија]] сепак џеновците поставиле одбрана на градот. На [[29 мај]] [[1453]] година Османлиите ја зазеле и Галата.
Ред 36:
=== Отоманска империја===
 
На [[24 мај]] [[1453]] година, градот [[Константинопол]] [[Опсада на Константинопол (1453)|паднал во рацете]] на Османлите[[Османли]]те. По само неколку дена, колонијата на Џенова ја предала Галата на Мехмед II. По предавањето, султанот веднаш назначил началник на градската полиција и еден градски судија, на кој начин [[Истанбул]] го ставил под цела своја контрола. Во периодот на Византиската Империја генуезката колонија била опколена со големи ѕидини и претставувала посебна урбана единица, независна од императорот, но со зазимањето од Османлиите, овој статус Галата го изгубил.
 
Спред пописот на населението од [[1455]] година, немуслиманското население на Галата било поделен во три категории. Во првата категорија спаѓале провремените трговци од [[Италија]], во втората жителите на реонот со потекло од Венеција и Џенова, и во третата спаѓале [[Грци]], [[Ерменци]] и [[Евреи]]. Старите трговци станале поданици на султанот. Султанот целосно го контролирал пристаништето, како главно место за трговија меѓу истокот и западот. Според пописот од [[1455]] година, голен дел од бегалците се вратиле во Галата, поголемиот дел од нив биле богати Грци. Така, најголемиот дел од населението биле Грците, а по нив биле латинците, Ерменците и евреите. Во следните 50 години, во Галата се населиле голем број на [[Турци]], кои ги зазимале подалечните западни реони. Првите Турци кои започнале да го населуваат реонот биле најчесто адмирали и јаничари. Освен тоа, се населиле и голем број на турски трговци. Според податоци од 1478 година, во реонот на Галата живееле 592 Грци или православни христијани, 535 муслимани, 332 латини и 62 Ерменци. Така, уште од 1478 година, населението било блиску 48% муслиманско. Во исто време, во целиот град било забрането да се населуваат христијани во муслимански реони, но трговијата била дозволена.
 
Едно од најважните дела на султанот [[Мехмед II]] била целосната интеграција на Галата со Истанбул, не само како трговско пристаниште, туку и стилот кој бил спроведен, придонесувајќи Галата да се претвори во еден вид порта на Истанбул кон Европа. Историчарот на султанот Мехмед, [[Турсун Беј]] во [[1490]] година напишал дека доколку некој сака да помине од Истанбул кон Френгистан или Галата, морал да плати едно акче. Изворите од [[1453]] до [[1490]] година покажуваат дека во Галата не се случиле големи промени во трговскиот живот на реонот. Генуезката заедница прифатила отоманска државјанство.
 
Во текот на [[16 век]], реонот станал седиште на главната султанска флота. Надвор од ѕидините на Галата во почетокот имало лозја и гробишта. Со изградбата на [[Галатасарај Лисеси|училиштето Галатасарај]], во училиштето започнале да се школуваат семејствата од дворецот а со тоа и да се зголемува бројот на населението. Во времето на [[Селим II]] започнале во реонот да се градат резиденции на амбасадите.
 
По започнувањето на војната со Венеција, во реонот започнале да тргуваат трговци од Фиренца. Местото и понатаму останало значајно за трговијата. Кон 1569 година реонот започнал да биде населуван од страна на Арапи од Иберискиот Полуостров.
 
Во [[18 век]] бројот на христијаните започнал да се намалува. Но во текот на 19 век, бројот повторно започнал да се зголемува. Патописецот [[Чарлс Вајт]] во [[1840]] година напишал дека Турците започнале да ги купуваат неопходните стоки во [[Бејоглу]], а не во Капали Чарши. На двете страни од [[Улица Истиклал|булеварот Пера]] биле отворени европски продавници и хотели. По [[Кримска војна|Кримската војна]], европизацијата на реонот се зголемила. благодарение на трговските привилегии, европските трговци, главно од Англија, Галата ја претвориле во пристаниште со слободен трговски статут.
 
Кон средината на [[19 век]], Галата се претворила во седиште на голем број на банки. Немуслиманското население од другите краеви на Истанбул започнало да се населува повторно во Галата. Во [[1857]] година, Галата добила статус на избор на посебен градоначалник. Патувањето меѓу Истанбул и Галата минувало низ [[Златен Рог|Златниот Рог]]. Во текот на овој век биле изградени два моста.
 
Во [[1876]] година бил изграден тунел од Каракој до Бејоглу, како еден од првите во светот.
 
=== Галата денес ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Галата