Галата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 24:
 
Спред пописот на населението од 1455 година, немуслиманското население на Галата било поделен во три категории. Во првата категорија спаѓале провремените трговци од Италија, во втората жителите на реонот со потекло од Венеција и Џенова, и во третата спаѓале Грци, Ерменци и Евреи. Старите трговци станале поданици на султанот. Султанот целосно го контролирал пристаништето, како главно место за трговија меѓу истокот и западот. Според пописот од 1455 година, голен дел од бегалците се вратиле во Галата, поголемиот дел од нив биле богати Грци. Така, најголемиот дел од населението биле Грците, а по нив биле латинците, Ерменците и евреите. Во следните 50 години, во Галата се населиле голем број на Турци, кои ги зазимале подалечните западни реони. Првите Турци кои започнале да го населуваат реонот биле најчесто адмирали и јаничари. Освен тоа, се населиле и голем број на турски трговци. Според податоци од 1478 година, во реонот на Галата живееле 592 Грци или православни христијани, 535 муслимани, 332 латини и 62 Ерменци. Така, уште од 1478 година, населението било блиску 48% муслиманско. Во исто време, во целиот град било забрането да се населуваат христијани во муслимански реони, но трговијата била дозволена.
 
Едно од најважните дела на султанот Мехмед II била целосната интеграција на Галата со Истанбул, не само како трговско пристаниште, туку и стилот кој бил спроведен, придонесувајќи Галата да се претвори во еден вид порта на Истанбул кон Европа. Историчарот на султанот Мехмед, Турсун Беј во 1490 година напишал дека доколку некој сака да помине од Истанбул кон Френгистан или Галата, морал да плати едно акче. Изворите од 1453 до 1490 година покажуваат дека во Галата не се случиле големи промени во трговскиот живот на реонот. Генуезката заедница прифатила отоманска државјанство.
 
Во текот на 16 век, реонот станал седиште на главната султанска флота. Надвор од ѕидините на Галата во почетокот имало лозја и гробишта. Со изградбата на [[Галатасарај Лисеси|училиштето Галатасарај]], во училиштето започнале да се школуваат семејствата од дворецот а со тоа и да се зголемува бројот на населението. Во времето на Селим II започнале во реонот да се градат резиденции на амбасадите.
 
 
Денеска, населбата е една од најпосетуваните во градот. [[ФК Галатасарај]] е еден од најпознатите клубови во [[Турција]] и светот. Овде се наоѓа и познатото [[галатасарај Лисеси|училиште Галатасарај]]. Галатасарај во превод буквално значи ''Палатата Галата''<ref>[http://www.2288gs.com/ Galatasaray Sports Club 2288 Website]</ref>.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Галата