Галата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
На 24 мај 1453 година, градот Константинопол паднал во рацете на Османлите. По само неколку дена, колонијата на Џенова ја предала Галата на Мехмед II. По предавањето, султанот веднаш назначил началник на градската полиција и еден градски судија, на кој начин Истанбул го ставил под цела своја контрола. Во периодот на Византиската Империја генуезката колонија била опколена со големи ѕидини и претставувала посебна урбана единица, независна од императорот, но со зазимањето од Османлиите, овој статус Галата го изгубил
 
Спред пописот на населението од 1455 година, немуслиманското население на Галата било поделен во три категории. Во првата категорија спаѓале провремените трговци од Италија, во втората жителите на реонот со потекло од Венеција и Џенова, и во третата спаѓале Грци, Ерменци и Евреи. Старите трговци станале поданици на султанот. Султанот целосно го контролирал пристаништето, како главно место за трговија меѓу истокот и западот. Според пописот од 1455 година, голен дел од бегалците се вратиле во Галата, поголемиот дел од нив биле богати Грци. Така, најголемиот дел од населението биле Грците, а по нив биле латинците, Ерменците и евреите. Во следните 50 години, во Галата се населиле голем број на Турци, кои ги зазимале подалечните западни реони. Првите Турци кои започнале да го населуваат реонот биле најчесто адмирали и јаничари. Освен тоа, се населиле и голем број на турски трговци. Според податоци од 1478 година, во реонот на Галата живееле 592 Грци или православни христијани, 535 муслимани, 332 латини и 62 Ерменци. Така, уште од 1478 година, населението било блиску 48% муслиманско. Во исто време, во целиот град било забрането да се населуваат христијани во муслимански реони, но трговијата била дозволена.
 
Денеска, населбата е една од најпосетуваните во градот. [[ФК Галатасарај]] е еден од најпознатите клубови во [[Турција]] и светот. Овде се наоѓа и познатото [[галатасарај Лисеси|училиште Галатасарај]]. Галатасарај во превод буквално значи ''Палатата Галата''<ref>[http://www.2288gs.com/ Galatasaray Sports Club 2288 Website]</ref>.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Галата