Јосиф I Бугарски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
Коресподенцијата и контактите на Јосиф I со бугарските владечаки кругови и дејците на македонското револуционерно ослободително движење даваат дополнителна светлина за македонското прашање кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
== Биографија ==
Лазар Јовчев е роден на 5 мај 1840 година градот [[Калофер]]. Учел во Големата народна школа во Фанар, а потоа во Францускиот колеџ ([[Цариград]]). Со подршка на Калоферската општина во 1864 година се запишал при литературниот факултет на Сорбона во [[Париз]], а три години подоцна се префрлил на Правниот факултет, кој го завршил и се стекнал со диплома.
 
Поминал шест години во француската престолнина, Лазар Јовчев се враќа во Цариград и во почетокот работи во Централниот трговски суд. Се занимавал со публицистика и преведувачка дејност. Избран е во раководството на Македонската бугарска дружина. Поканет е за секретар на Мешовитиот екзархиски совет. Без да има духовно образование, новопоставениуот монах Јосиф за помалку од три месеци кон крајот на 1872 година е веќе протосингел на Егзархијата со архимандритско достоинство.
 
== Мисли ==
:''Некои запалени глави сметаат дека Св. Егзархија е единствената пречка Македонија да остане и понатаму под Османската империја и се нафрлија врз неа како волци. . . Во сегашниот момент се нафрлија врз општините со цел да ги направат инструмент за своите бунтовнички цели. . . Секакво нивно политизирање и служење на нечисти цели ќе ја оневозможи Св. Егзархија во нејзината висока мисија да го зачува бугаризмот за идните поколенија. Ние. . . сме свесни какви се последици. . . ќе има политизирањето со општините денес, а да не зборуваме за утре, при евентуално создавање на автономна Македонија. Св. Егзархија. . . при две оделни држави не ќе може да ја врши својата бугарска мисија. Или ќе стане исклучиво македонска, или исклучиво бугарска. Каде тоа би не одвело, посебно не треба да се потцртува. . . Подобро е да сметаме дека делови од единствената бугарската територијата се се уште под ропство, отколку за сметка на некаква слобода, бугарското населние во Македонија за секогаш ќе биде загубено за Бугарија'' <ref name="SDV"/>.