26 декември (настани): Разлика помеѓу преработките
шаблон на Викимедија
Избришана содржина Додадена содржина
с Нова страница: {| cellspacing="0" cellpadding="2" style="border-top:0px; {{#if: {{{боја|}}}|background-color:{{{боја}}}|background-color:white}};" |valign="top" align="right"|[[... |
(нема разлика)
|
Преработка од 00:39, 7 ноември 2007
1805 | По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создаде Рајнската конференција, држава сателит на Франција. |
1942 | Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година. |
1943 | Во селото Мрежичко, мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници. |
1945 | Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа. |
1991 | Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на преседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој „атомското копче“, му го предаде на Борис Елцин. |
2003 | Катастрофален земјотрес во Бам, Иран. Загинаа 26.000 луѓе. |
2004 | Катастрофален земјотрес со интензитет од 9.3 степени според Рихтеровата скала, го погоди дното на Индискиот океан. Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во модерната историја. |