Георги Поп Христов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
== Биографија ==
 
Тој е роден во [[1876]] година во селото [[Крстоар]], Битолско. Образованието го завршил во с. [[Буф]] на [[грчки јазик]]. Продолжил [[Бугарска егзархија|егзархиско]] основно образование во своето село. Завршил прогимназија во [[Битола]]. По една година учителствување во своето родно село, го продолжил образованието во [[Солун]]. Во учебната 1895-96 година се вработил како учител во [[Кавадарци]] каде и се вклучува во револуционерното дело. Од [[1900]] година бил учител во Бугарско основно училиште во [[Битола]].
 
На [[12 февруари]] [[1902]] год. е уапсен и осуден на [[смрт]]. Амнестиран е во [[февруари]] [[1903]] год. Учествувал на [[Смилевскиот конгрес]] во мај [[1903]] год. како претставник од Битола. За време на востанието бил војвода во [[Лерин]]ско. По востанието доаѓа во [[Бугарија]], ино во пролетта [[1904]] година се враќа во [[Македонија]]. Активно делува во обновување на Организацијата во Битолско, [[Костур]]ско и Леринско. Во [[мај]] [[1904]] година учествува како делегат на [[Прилепскиот конгрес]]. Следната [[1905]] год. учествува на [[Рилскиот конгрес]].
 
ПоУчествува во [[Балканските војни]] и во [[Првата светска војна]], по војнитешто се населува во [[Бугарија]]. Во [[1925]] година на [[VI Конгрес - с. Србиново|конгресот во с. Србиново]] е избран за член на ЦК на [[ВМРО]]. Тесно соработувал со [[Александар Протогеров]]. По убиството на Протогеров, по наредба на [[Иван Михајлов]] во [[1931]] година се повлекува од активно учество во Организацијата. Умрел во [[1962]] година во [[Софија]].
 
Автор е на книгата „Револуционерната борба в Битолски округ“ издадена во Софија, во [[1953]] година.
 
== Мисли на Поп Христов ==