Семантичка пајажина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
{{внимание}}
'''Семантички веб''' ([[англиски јазик|англсики]]: ''Semantic Web'') претставува "веб од податоци" што им овозможува на машините да ја разберат семантиката или значењето на информациите на вебот. Ја проширува мрежата од поврзаните веб страници разбирливи за човекот на тој начин што додава т.н. metadata (податоци за податоците) за страниците и за тоа како истите се заемно поврзани овозможувајќи им на автоматските агенти да пристапат до вебот на поинтелигентен начин и да извршат некоја задача наместо корисниците. Може да се дефинира како глобално поврзана [[База на податоци|база на податоци]], во која секој може да внесе или да добие каков било тип на податоци.
 
[[Податотека:ТимБернерсЛи.png|thumb|right|Креаторот на семантичкиот веб- Тим Бернерс-Ли]]
Семантичкиот веб претставува визија за информација која е разбирлива за компјутерите, со што тие би го извеле поголемиот дел од работата потребна за барање, споделување и комбинирање на информациите на Вебот. Иако компјутерите се најважни за функционирањето како и за креирањето и одржувањето на вебот, тие самите не можат да најдат некаква смисла во сите тие информации. Тие не можат да ги прочитаат информациите, да најдат некаква релација или да донесат некакви одлуки врз основа на тие информации, како што може човекот. Семантичкиот веб е екстензија на [[World Wide Web]], во која се дефинираат семантиката на информацијата и сервисите на вебот, со што се овозможува вебот да ги разбере и задоволи барањата на корисниците, како и машините да ја користат Веб содржината. Обезбедува стандардизиран начин во изразувањето на релациите помеѓу веб страниците, дозволувајќи им на машините да го разберат значењето на хиперлинковите.
 
Ред 28:
 
==Компоненти на семантичкиот веб==
 
[[Податотека:магацин.png|thumb|right|Архитектура на Семантичкиот веб]]
Архитектурата на Семантичкиот веб дава хиерархија на јазици, во облик на магацин, каде секој слој ги користи способностите на слоевите под него. Овој магацин покажува како технологиите кои се стандардизирани за Семантичкиот веб се организирани за да може тој да финкционира. Оваа илустрација е креирана од Тим Бернерс Ли. Треба да се напомене дека овој магацин ќе се менува и развива како што се менува и развива и самиот семантички веб.
Низ пример најдобро ќе ги објасниме поважните делови од кои е изграден семантичкиот веб. Да претпоставиме дека сакаме следнава реченица да биде разбирлива за компјутерот:
Ред 121:
*[http://semanticweb.org/wiki/Main_Page]
*[http://www.w3schools.com/semweb/default.asp]
{{ISO standards}}
 
[[Категорија:Информатика]]
[[Категорија:Вештачка интелигенција]]
== Наводи ==
{{наводи}}