Хасан Приштина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 51:
 
Во 1920 година учествува на конгресот во [[Лушње]] во кој учествуваат богатите и авторитетни Албанци и има за цел изградба на моќна повоено албанска влада. Во април 1921 година е избран од регионот Дебар во албанскиот парламент. Застапува политика за поддршка на косовските албански бунтовници. Бил политички противник на [[Ахмед Зогу]], кој ја има поддршката на [[Кралство на Србите, Хрватите и Словенците|Кралството на Србите, Хрватите и Словенците]]. Истата година Приштина склучува договор со претставниците на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] [[Павел Христов]] и [[Александар Протогеров]] за заедничка борба против српската власт во Вардарска Македонија и Косово, според кој Албанија треба да го добие Новопазарскиот санџак и Косово, а Македонија да стане независна држава, Дебарска санџак бил спорен.
 
На 7 декември 1921 година Хасан бег Приштина е избран за премиер. Тој останал на оваа функција само неколку дена. Причина е интервенцијата на Ахмед Зогу, кој е принуден да ги отстрани косовските Албанци националисти од парламентот и владата за да избегне судир со Југославија.
 
Во февруари 1923 година Хасан бег и неговите најблиски приврзаници се принудени да ја напуштат Албанија. Во летото 1924 настапува имало нова промена во албанската политика. Владата на Фан Ноли поддржува испраќање на една албанска делегација во Женева, во Друштвото на народите за поплаки против српските власти во Косово. Член на делегацијата е и Хасан бег Приштина.
 
== Извори ==