Хасан Приштина: Разлика помеѓу преработките

Додадени 1.450 бајти ,  пред 10 години
[проверена преработка][проверена преработка]
 
На крајот на војната околу него се формира движење кое се противи на враќање на Косово кон Србија. Во октомври 1919 година Хасан бег заедно со косовската делегација го посетува Париз со мисијата да бара обединување на [[Косово]] и [[Албанија]]. Делегацијата не е примена и сослушана од речиси никого.
 
Во 1920 година учествува на конгресот во [[Лушње]] во кој учествуваат богатите и авторитетни Албанци и има за цел изградба на моќна повоено албанска влада. Во април 1921 година е избран од регионот Дебар во албанскиот парламент. Застапува политика за поддршка на косовските албански бунтовници. Бил политички противник на [[Ахмед Зогу]], кој ја има поддршката на [[Кралство на Србите, Хрватите и Словенците|Кралството на Србите, Хрватите и Словенците]]. Истата година Приштина склучува договор со претставниците на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] [[Павел Христов]] и [[Александар Протогеров]] за заедничка борба против српската власт во Вардарска Македонија и Косово, според кој Албанија треба да го добие Новопазарскиот санџак и Косово, а Македонија да стане независна држава, Дебарска санџак бил спорен.
 
== Извори ==