Амијан Марцелин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
→‎Биографија: ситна поправка
Ред 15:
За Амијан не се знае многу иако одреден број информации може да се извлечат од неговото дело. Тој бил роден околу 330 во [[Антиохија]] во Сирија<ref>Барем така велат класичарите. Тимоти Д. Барнс (Timothy D. Barnes, ''Ammianus Marcellinus and the Representation of Historical Reality'', Ithaca, [[1998]]), вели дека Амијан долго време живеел во Антиохија но дека не бил роден таму.</ref>, еден од најзначајните градови на Империјата. Веројатно потекнува од богато грчко семејство и се чини дека имал добри познавања на грчката и латинската книжевност. На околу дваесет години, служел во римската армија како ''[[протектор доместикус]]'' : требал да го придружува и лично да го штити неговиот претпоставен ''[[магистер милитум]]'' [[Урсицин (римски генерал)|Урсицин]].
 
Амијан учествувал во деликатни мисии во Галија (356-357) и на персиската граница. После поразот на [[Амида]], [[Урсицин (римски генерал)|Урсицин]] бил разрешен и воената кариера на Амијан привремено била прекината. Тој дефинитивно ја напуштил војската по смртта на императорот [[Јулијан Отпадник| Јулијан]] на 26 јуни [[363]], во тек на некоја битка против Персијците.
 
Токму топгаш ја започнал својата книжевна кариера. Откако поминал низ [[Антиохија]] или низ [[Тракија]], се доселил во Рим после 375. Делото ''Res gestæ'' го пишувал дваесет години, од 375 до 395.