Блаже Ристовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 38:
 
Во текот на два месеци Ристовски бил испитуван од страна на УДБА по што бил преместен во Централниот затвор во Скопје. Три дена по пристигнувањето во овој затвор на Ристовски му бил доставен обвинителен акт според кој тој и неговите пријатели биле обвинети за ''непријатели на слободат на нашиот (македонскиот б.н) народ!''. Според обвинтителниот акт уште во 1946 година групата ја започнала својата противнародна дејност и создавање на терористичка и бандитска група. По добивањето на обвиненито Ристовски заедно со останатите притврени бил одведен до окружниот суд каде што бил осуден на 6 месеци затвор. По изрекувањето на пресудатата, казната ја издржувал во Идризово. Неколку дена пред истекот на 6 месечната казната, Ристовски бил ослободен.
 
За овие настани Ристовски истакнува: ''Барем во тие денови на нашата заедничка активност , ние не презедовме, ниту планиравме никаква терористичка акција. Ако не бевме откриени, можеби и ќе дојдеше до тоа, но... Исто така е важно да се нагласи дека нашата група беше самородна и немаше никакви врски со никаква организација, ниту пак имеше некакво име и разработена програма. Тоа беше еден видлив израз на младешкото незадоволство од постојната ситуација во врска со решението на македонското национално прашање во Југославија, изблик на нашиот македонскиот патриотизам, но без нужната идеолошко-политича подготовка и без точна претстава за историските процеси,, настани и личности...''
 
=== Образование ===