Блаже Ристовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
Во 1945 година учествувал во формирањето на конспиративната група [[Македонска активна народно-комунистичка организација]] (МАНКО). Во овој период Блаже Ристовски активно учествувал во создавањето на библиотека со скромен фонд од областа на историјата и културата на Македонија и првата демонстрација поради што бил уапсен од полицијата. Меѓутоа властите не ја откриле конспиративната група и Ристовски заедно со останатите уапсени бил ослободен. Во учебната 1945/46 година Ристовски учествувал во нелегалното печатење на околу 300 летоци, кои подоцна ги сокрил во својата куќа, меѓутоа поради лошите услови тие биле уништени.
 
Ристовски им предложил на Ристо Чулев и Киро Велковски, негови блиски пријатели, да испечатат летоци и да ги растурат во текот на училишната екскурзија. Идејата била прифатена, текстот бил напишан од Ристовски, а летоците биле испечатени и поделени во трдитри дела.
 
Меѓутоа полицијата дознала за оваа активснот. Сите ученици тргнале на ексурзијата, меѓутоа автобустот со кој патувале бил застанат во Скопје каде што Ристовски, заедно со Ристо Чулев и Киро Велковски, бил уапсен на 15 април 1948 година.
 
=== Образование ===