Блаже Ристовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 94:
 
: ''Но видете, од сите тие забелешки што тие ги прават има само една за која тие сега веднаш реагираат, а тоа е што тие не нашле некаде да е напишано дека тие се автохтоно население во Македонија. Ние за Албанците во Албанија и на Косово, воопшто не разговараме во Енциклопедијата. Нема такви текстови. Меѓутоа, ние пишуваме само за Албанците во Македонија. Според тоа, ние за етногенезата и за историјата на Албанија и на Албанците во нашата енциклопедија не сме поставиле одредница. Во оваа кратка енциклопедија сакаме да пишуваме само за Македонија и за сe она што е во Македонија, тоа е едно. Второ, научна вистина е дека нивната теза, дека тие се автохтоно население и во Македонија, е асолутно неодржлива.''<ref>[http://radiolav.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=334:2009-10-04-16-52-40&catid=50:2009-02-11-19-11-42&Itemid=95 Науката во рацете на манипулантите!?]</ref>
 
: ''Точно е дека уште не си ја знаеме сопствената историја. Други со векови ни ја интерпретирале по своја кројка нашата историска судбина. Современите Македонци во Република Македонија се профилирани од српскиот и бугарскиот образовен историски ракурс, од "југословенскиот" калап и од сопствената усно пренесувана историска традиција. Во другите делови од македонскиот народ решавачко влијание имаше бугарската, грчката и албанската државна политика, просвета и пропаганда, иако сеуште се чува и народната традиција. Македонското образование започна дури од крајот на 1944 година, но тоа ги понесе и атавизмите и наслагите од минатото и духот на 30-тите години. Тогаш се следеше главно социјалистичката "жица" кај некои македонски дејци и револуционери и според тоа се определуваше нивната "напредност" и се правеше историската валоризација. Освен тоа, во образовниот процес потенцирано беа внесени и "словенските" развојни правци, во голема мера пренесени и од руската/советската историска наука и идеологија од 19 и 20 век. Македонската историска научна мисла е затемелена главно во втората половина на 19, но појасни национални видици се поставија дури од почетокот на 20 век. Тогаш се појавија и националните корифеи од Македонското научно-литературно другарство К. Мисирков и Д. Чуповски и нивните бројни приврзаници во земјата и во странство и беа поставени научните темели на македонската историографија. Многу печатени сознанија дојдоа кај нас многу доцна, па дури и денеска уште не се стигнати до свеста на нашиот народ.'' <ref>[http://www.m-p-c.org/Vesti/Teshki_Pazari.htm ИМА(ЛО) ТЕШКИ ПАЗАРИ ЗА СМЕТКА НА МАКЕДОНИЈА]</ref>
 
== Извори ==