Блаже Ристовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 52:
== Објавени научни дела ==
 
Како истражувач на македонската литературна, јазична и национална историја и на фолклорот во Македонија, објавил повеќе книги за развитокот на македонската културно-национална мисла и над 800 статии и други прилози во разни зборници и списанија во земјата и во странство. Научнистражувач ките интереси му се движат во неколку тематски релации и ги зафаќаат спецификите на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската национална мисла и акција до нејзината конечна афирмација, историјата на македонскиот писмен и литературен јазик, литературната историја и фолклорот. Посебно ги истра- жува и ги афирмира националните дејци од 19 и 20 век.: [[Крсте П. Мисирков]], [[Димитрија Чуповски|Димитрија Д. Чуповски]], [[Наце Димов|Наце Д. Димов]], [[Ѓорѓија Пулевски|Ѓорѓија М. Пулевски]], [[Петар Драганов|Петар Д. Драганов]], [[Марко Цепенков]], [[Кочо Рацин]], [[Васил Икономов]], [[Никола Вапцаров]], [[Тодор Чопов]] и др.
 
Во неговите трудови донесе нова документарна фактографија и научна аргументација и со аналитички и критички пристап кон изворите и литературата претстави на научната јавност низа пројави, настани и