Бухара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Историја: дополнување
Ред 27:
 
Оазата на Бухара, активна уште во [[антика]]та, уште многу оддамна го привлекла вниманието на соседните држави: уште во 6 век п.н.е., ја освоиле кралевите на [[Персија]] меѓу кои подоцна и [[Дариј I|Дариј]]; потоа во 329 п.н.е. после инвазијата на [[Иран]] од страна на [[Александар Македонски]], територијата на [[Согдијана]], во чиј состав била Бухара, останала под македонска власт сé до 2 век п.н.е. Меѓу крајот на 1 век п.н.е. и средината на 4 век, Бухара била дел од кралството [[Кушан]]. На почетокот на тој период почнала да се воспоставува трговијата со народите од Запад и оние од Исток. Во 5 век, Бухара била дел од државата на [[Хефталити]]те (’’Белите Хуни’’)<ref name = "acr">Youri Goldenchtein, Sylvia Melkoyan, ''Samarcande, Boukhara, Chakhrisiabz, Khiva'', éd. ACR éditions, 1995, {{ISBN|2-86770-074-4}}</ref>.
 
Бухара била заземена во 710 од арапско-исламските трупи за време на калифатот на [[Омејади]]те <ref name = "sourdel"/>. Набрзо потоа, владетелот на престолот на Бухара, Тугчада (710-739), го прифатил исламот. Градот кој станал голем културен центар тогаш бил дел од провинцијата [[Хорасан]], чиј главен град бил [[Мерв]]<ref name = "acr"></ref>.
 
Во тоа време, градот заземал површина од околу 30 до 35 хектари.
 
Во 9 век градот станал престолнина на [[Персија|персиската]] династија [[Саманиди]] (875-999) во кое време се изменил, со 11 влезни порти а населението битно се зголемило. Биле подигнати многу мавзолеи и споменици меѓу кои и мавзолејот на Саманидите<ref name = "acr"></ref>.
 
 
Научници, поети, писатели живееле во Бухара во 10 век: големиот [[лекар]] и [[философ]] [[Авицена]] (Абу Али Ибн Сина), бил роден во близина ([[980]]-[[1037]]), поетот [[Рудаки]]<ref name = "acr"></ref> и научникот [[Ал-Бурини]] ([[математичар]], [[физичар]], [[астроном]], [[историчар]], etc.), роден близу до [[Хива]] ([[973]]-[[1048]]). Бухара била дом и на [[Ал Бухари]] ([[810]]-[[870]]), значаен собирач на [[хадит]]и (зборови кои му се припишуваат на [[Мухамед]]).
 
[[Image:Bukhara - Panorama.jpg|thumb|center|450px|Панорама на Бухара, престолнина на империјата на [[Саманиди]]те во 9-10 век]]
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бухара