Блаже Ристовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 50:
 
== Објавени научни дела ==
 
Како истражувач на македонската литературна, јазична и национална историја и на фолклорот во Македонија, објавил повеќе книги за развитокот на македонската културно-национална мисла и над 800 статии и други прилози во разни зборници и списанија во земјата и во странство. Научнистражувач ките интереси му се движат во неколку тематски релации и ги зафаќаат спецификите на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската национална мисла и акција до нејзината конечна афирмација, историјата на македонскиот писмен и литературен јазик, литературната историја и фолклорот. Посебно ги истра- жува и ги афирмира националните дејци од 19 и 20 век.: Крсте П. Мисирков, Димитрија Д. Чуповски, Наце Д. Димов, Ѓорѓија М. Пулевски, Петар Д. Драганов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Васил Икономов, Никола Вапцаров, Тодор Чопов и др.
 
Во неговите трудови донесе нова документарна фактографија и научна аргументација и со аналитички и критички пристап кон изворите и литературата претстави на научната јавност низа пројави, настани и
процеси и цела плејада заслужни профили од македонското културно- национално минато. Коавтор е на пет учебника по историја за основното и средното образование.
 
* „Крсте П. Мисирков (1874 - 1926)“ (1966)
* „Вардар, научно-литературно и општествено-политичко списание на К. П. Мисирков“ (1966)