Црква „Свети Апостоли“ (Цариград): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{See also|Црква Свети Апостоли (појаснување)}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Infobox religious building
|building_name=Црквата Свети Апостоли<br />Havariyyun kilisesi<br />Άγιοι Απόστολοι
Ред 40 ⟶ 39:
== Историја ==
 
Првата црква посветена на [[Дванаесет апостоли|Светите Апостоли]] била изградена во околу [[330]] година во времето на [[Константин Велики]], веднаш по префрлувањето на престолнината од [[Рим]] во [[Константинопол]]. Црквата останала недовршена по смртта на Константин во [[337]] година, па неговиот син и престолонаследник [[Констанциј II]] неговите мошти ги ставил во оваа црква. Црквата била посветена на Дванаесетте апостоли, а намерата на императорот била да се соберат моштите на сите апостоли во црквата. Сепак, во црквата на почетокот биле донесени моштите само на [[апостол Андреј]], [[апостол Лука]] и [[апостол Тимотеј]].
 
Во времето на императорот [[Јустинијан I]], оваа црква не се сметала за доволно голема, па новата црква била изградена на истото место. Новата црква била дизајнирана и изградена од страна на архитектите [[Антемиј од Трал]] и [[Исидор од Милет]]. Црквата била осветена на [[22 јуни]] [[550]] година. Моштите на Константин и на трите светитли биле ставени во црквата, како и мавзолејот на Јустинијан и неговото семејство.
 
За повеќе од 700 години, црквата била втора најважна црква во Константинопол, по [[Аја Софија]]. Додека Света Софија се наоѓала во стариот дел од градот, оваа се наоѓала во новиот дел од градот, кој постојано се ширел. Во оваа црква биле погребани и голем дел од патријарсите и епископите, а нивните мошти биле почитувани од страна на верниците со векови. Освен дел од останките на трите апостоли, во овој храм се наоѓале и моштите на [[Свети Јован Златоуст]] и на други црковни отци, светители и маченици. Во црквата, исто така, се верува дека се наоѓал ''столбот на бичувањето'', односно местото каде [[Исус]] бил заврзан и мачен. Во текот на својата историја, црквата се стекнала и со огромно количество на злато, сребро и скапоцени камења донирани од страна на верниците.
 
Црквата била обновена и најверојатно зголемена во текот на 9 век за време на владеењето на византискиот император [[Василиј I]]. Во текот на [[10 век]], Константин од Родос дал опис на црквата, кој ги посветил на [[Константин Порфирогенит]].
 
Во текот на [[Четврта крстоносна војна|Четвртана крстоносна војна]] и [[Опсада на Константинопол (1204)|падот на Константинопол]] во 1204 година, историчарот [[Никита Хонијат]] напишал дека крстоносците ги ограбиле императорските гробници, заедно со голема количина на злато и скапоцени камења. Не бил поштеден ниту гробот на [[Јустинијан I]]. Гробот на [[Ираклиј]] бил отворен и неговата златна круна била украдена. Дел од овие богатства биле однесени во Венеција, каде денеска се наоѓаат или во музејот во Венеција или во [[Базилика Свети Марко (Венеција)|базиликата Свети Марко]]
 
Кога [[Михаил VIII Палеолог]] го повратил градот од крстоносците, тој подигнал статуа на Архангел Михаил во црквата за одбележување на настанот. Во времето на [[Андроник II Палеолог]], црквата била обновена. но по ова следувало зазимање на градот од страна на Османлиите[[Османлии]]те.
 
По зазимањето на градот во [[1453]] година, [[Мехмед II]] главната катедрална црква Аја Софија ја претворил во [[џамија]], и му наредил на грчкиот патријарх Генадиј да се пресели во оваа црква, станувајќи административен центар на Грчката Православна црква. Но во областа околу црквата на светите апостоли многу бргу се населиле Турци, па непријателството се зголемило поради добрата локација на христијанската црква. Главно поради ова, седиштето на Вселенската Патријаршија било пренесено во [[Манастир Богородица Памакаристос|манастирот Богородица Памакаристос]] во областа [[Фенер]].
 
Наместо да ја претвори оваа црква во џамија како многу други, султанот Мехмед II одлучил да ја разруши целосно и на нејзино место да изгради нова џамија, која денеска се нарекува Фатих џамија, или џамија на Освојувачот.