Црква „Свети Апостоли“ (Цариград): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
Во времето на императорот Јустинијан I, оваа црква не се сметала за доволно голема, па новата црква била изградена на истото место. Новата црква била дизајнирана и изградена од страна на архитектите Антемиј од Трал и Исидор од Милет. Црквата била осветена на 22 јуни 550 година. Моштите на Константин и на трите светитли биле ставени во црквата, како и мавзолејот на Јустинијан и неговото семејство.
 
За повеќе од 700 години, црквата била втора најважна црква во Константинопол, по Аја Софија. Додека Света Софија се наоѓала во стариот дел од градот, оваа се наоѓала во новиот дел од градот, кој постојано се ширел. Во оваа црква биле погребани и голем дел од патријарсите и епископите, а нивните мошти биле почитувани од страна на верниците со векови. Освен дел од останките на трите апостоли, во овој храм се наоѓале и моштите на Свети Јован Златоуст и на други црковни отци, светители и маченици. Во црквата, исто така, се верува дека се наоѓал столбот на бичувањето, односно местото каде Исус бил заврзан и мачен. Во текот на својата историја, црквата се стекнала и со огромно количество на злато, сребро и скапоцени камења донирани од страна на верниците.
 
 
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Апостоли, Константинопол}}