Црква „Свети Апостоли“ (Цариград): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 42:
Првата црква посветена на Светите Апостоли била изградена во околу 330 година во времето на Константин Велики, веднаш по префрлувањето на престолнината од Рим во Константинопол. Црквата останала недовршена по смртта на Константин во 337 година, па неговиот син и престолонаследник Констанциј II неговите мошти ги ставил во оваа црква. Црквата била посветена на Дванаесетте апостоли, а намерата на императорот била да се соберат моштите на сите апостоли во црквата. Сепак, во црквата на почетокот биле донесени моштите само на апостол Андреј, апостол Лука и апостол Тимотеј.
 
Во времето на императорот Јустинијан I, оваа црква не се сметала за доволно голема, па новата црква била изградена на истото место. Новата црква била дизајнирана и изградена од страна на архитектите Антемиј од Трал и Исидор од Милет. Црквата била осветена на 22 јуни 550 година. Моштите на Константин и на трите светитли биле ставени во црквата, како и мавзолејот на Јустинијан и неговото семејство.
 
За повеќе од 700 години, црквата била втора најважна црква во Константинопол, по Аја Софија. Додека Света Софија се наоѓала во стариот дел од градот, оваа се наоѓала во новиот дел од градот, кој постојано се ширел. Во оваа црква биле погребани и голем дел од патријарсите и епископите, а нивните мошти биле почитувани од страна на верниците со векови.
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Апостоли, Константинопол}}