Мала Света Софија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
Местото кое било изберено за изградба на црквата било помеѓу палатата на Хормисдас (домот на Јустинијан пред да застане на престолот) и Црквата на Свети Петар и Павле. Новата црква станалацентар на овој комплекс. Дел од овој комплекс опстојува и денес. Оваа црква е една од најважните религиски градби во стариот Цариград.
 
Поради својата надворешна сличност со Аја Софија, се верува дека христијанскиот храм бил изграден од страна на истите архитекти кои ја изградиле и Аја Софија, односно Исидор од Милет и Антемиј, и дека оваа изградба претставувала еден вид проба за понатамошните дејствија при изградба на најголемиот христијански храм на светот во тоа време. Сепак, во однос на архитектонските детали, зградата е сосема се разликува во дизајнот од Света Софија и тврдењата дека оваа црква била само мала верзија на Света Софија до денес е дискутабилна <ref name=fr137/>.
 
Во 531 година, Папа Вигилиј кој неколку години претходно бил повикан во Константинопол од страна на Јустинијан, се засолнил во црквата поради наводното организирање на бунт против императорот<ref name=mw178/>Во текот на [[иконобарство]]то, црквата се нашла во центарот на движењето во градот.
 
== Наводи ==