Граматички категории на именките во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 11:
;Вокативни форми
Вокативните форми се користат за непосредно обраќање кон некого или нешто, најчесто кон човечко суштество. Преку нив свој израз наоѓа обраќањето или категоријата апел. Таа се остварува со посебна интонација и со граматички наставки. Вокативната интонација е неопходна за оваа служба на именките, а наставките се застапени само кај дел од нив, пред сè кај оние што именуваат човечки суштества (пр. ''мајко, брате, сестро'' итн.) Вокативни форми можат да имаат и именките што означуваат нешто неживо, ако по пат на персонификација им се препишува својство на соговорник во општењето (пр. ''Вардаре, земјо, Македонија'', итн.) {{ref|Opsta}}
 
Именките од машки род своите вокативно форми ги образуваат со наставките ''-у'' и ''-е''. Во пракса не постои јасна граница меѓу овие две наставки и двете може да се користат за една иста именка (''свате, свату''). Наставката ''-у'' почесто се среќава кај едносложни именки, а ''-е'' кај повеќесложни именки (''крају, учителе''). Машките имиња кои завршуваат на самогласка немаат вокативна форма (''Никола, Ѓорѓи''), а тие што завршуваат на согласка ка земаат наставката ''-е'' (''Горане, Зоране'').{{ref|Opsta}}
 
== Род ==