Граматички категории на именките во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12:
 
== Род ==
Именките во македонскиот јазик имаат три рода: машки, женски и среден род. Граматичкиот род и природниот род во македонскиот јазик не секогаш се совпаѓаат. Граматичкиот род има свој израз кај сите именки, без оглед на тоа дали именува нешто живо или неживо. Разликувањето на родот кај именките за предмети и појави се прави според завршетоците на именкитез за живи суштества.{{ref|Opsta}}
 
Родот на именките во македонскиот јазик доаѓа до израз при еднинската форма на именката. Именките од машки род во единина завршуваат на согласка или на некоја самогласките. Општите именки што означуваат лица завршуваат на согласка (''наставник, ученик''), на ''-а'' (''владика, судија''), на ''-о'' (''стрико, татко''), на ''-е'' (''вујче'') и сосема ретко на некои некарактеристични завршетоци за македонскиот јазик, како што се -и (''кули''<ref>„Кули“ значи носач или возач и е преземен од хиндискиот јазик. Не е исто со зборот ''кула/ кули''.</ref>) и -у (''гуру'').{{ref|Opsta}}
 
Кај личните имиња од машки род како наставки се јавуваат согласки (''Јован''), ''-о'' (''Здравко''), ''-а'' (''Никола''), ''-е'' (Јане), ''-и'' (''Ѓорѓи'').
 
==Број==