Граматички категории на именките во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
Во македонскиот јазик има три видови множина, ''обична, избројана и збирна множина''.
 
Со <u>обичната множина</u> се дава информација дека станува збор за повеќе предмети или лица што може да се бројат. Такви се на пример именките: ''книги, телевозори, сметачи'' итн. Обичната множина кај именките од машки род се образува со наставките: ''-и, -ови/ -еви, -вци (-овци)''. Со наставката ''-и'' множина образуваат повеќесложните, поретко едносложните именки (пр. ''гледачи, коњи, мажи'' итн.). Наставката ''-еви/ -ови'' се јавува кај едносложните именки (пр. ''броеви, кејови'' итн.), додека наставката ''-вци'' се јавува кај личните имиња и роднинските именки (пр. ''дедовци, стриковци'' итн.){{ref|Opsta}}

Со <u>избројаната множина</u> се укажува најчесто на два или на повеќе предмети, во определено, избројано количество (пр. ''два/ три збора, пет/ шест клуча'' итн.) Покрај тоа, овие именки или оваа множина може да се искаже и со некои количествени прилози, како што е на пример „неколку“. Со <u>збирната множина</u> се нагласува дека едно множество се гледа како целост, а не како сума од избројливи елементи. Споредбено, оваа множина изгледа вака: ''корење/ корења, лисје/ лисја'' итн{{ref|Opsta}}.
 
Обичната и збирната множина ја има кај именките од сите три рода, а избројаната множина е карактеристична сам за именки од машки род што завршуваат на согласки во еднина.
 
==Определеност==