Граматички категории на именките во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
*дел од апстрактните именки кои се употребуваат со нивното основно значење (пр. ''просвета, капитализам'' и сл.).
 
;===Видови множина===
 
Во македонскиот јазик има три видови множина, ''обична, избројана и збирна множина''.
 
Со <u>обичната множина</u> се дава информација дека станува збор за повеќе предмети или лица што може да се бројат. Такви се на пример именките: ''книги, телевозори, сметачи'' итн. Со <u>избројаната множина</u> се укажува најчесто на два или на повеќе предмети, во определено, избројано количество (пр. ''два/ три збора, пет/ шест клуча'' итн.) Покрај тоа, овие именки или оваа множина може да се искаже и со некои количествени прилози, како што е на пример „неколку“. Со <u>збирната множина</u> се нагласува дека едно множество се гледа како целост, а не како сума од избројливи елементи. Споредбено, оваа множина изгледа вака: ''корење/ корења, лисје/ лисја'' итн{{ref|Opsta}}.
 
==Определеност==