Тиквешко востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Tikveški ustanak - spomen ploča.JPG|мини||300п|okvir|Спомен плоча во Кавадарци]]
'''Тиквешкото востание''' е прв организиран масовен народен вооружен отпор против [[Србија|српската]] власт којашто ја окупирала [[Вардарска Македонија]] по повлекувањето на [[Турција|турските]] сили по [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]]. Востанието започнало на [[19 јуни]], [[1913]] година, во [[Тиквешија]]та и траело седум дена .<ref name="PIPVMI"> <small>''ПРЕДАВСТВАТАВиолета ИАчковска АТЕНТАТИТЕи ВОНикола МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈАЖежов, Виолета Ачковска„Предавствата и Николаатентатите Жежовво македонската историја“, Скопје, 2004 год''.</small> </ref>. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]].
 
== Причини за востанието ==
{{ВМРО (Aвтономистичка)}}
Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението при напорите за асимилација и [[Србизација|посрбување]]. Српските власти упатуваат јавна закана до населението дека секој оној којшто ќе се спротивстави на новата власт ќе биде погубен.
 
Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни бугарски учители и егзархиски свештеници, а како замена се доведени учители и попови од [[Србија]]. Во [[Црква|црквите]] и [[Училиште|училиштата]] е воведен [[Српски јазик|српскиот јазик]]. Теророт на власта се засилува, а со тоа и револтот на населението од ден во ден расте сè повеќе, не само кај првенците, туку и кај обичните жители. На востанието му претходат неколку настани коишто особено го зголемуваат револтот. Имено, едно момче, по имаиме Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како [[Срби]]н. Една млада невеста од [[Ваташа]], веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.
 
== Тек на востанието ==
Со поддршка на [[ВМОРОВМРО]] е свикано собрание со делегати од речиси сите места во [[Тиквешија]]та. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај коишто учествувале и во [[Илинденско востание|Илинденското востание]], меѓу коишто биле: [[Дончо Лазаров]], [[Михаил Шкартов]], [[Коце Сеизов]], [[Диме Пинџуров]], [[Тодор Камчев]] и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.
 
Востанието започнало на [[19 јуни]], [[1913]] година, и покрај [[Неготино]] и [[Кавадарци]], ослободени се и педесетина села во областа [[Тиквеш]]. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На [[20 јуни]] е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена.
 
== Задушување на востанието ==
После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од [[Василие Трбиќ]], како и од [[Јован Бабунски]] и [[Јован Долгач]]. На помош на српската војска иде и башибозук на [[Јаја Ага]] со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите [[Христо Чернопеев]] и на [[Петар Чаулев]] се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 10001.000 [[тиквеш]]ани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.
 
150 [[Кавадарци|кавадарчани]] се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак - колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.
 
== Извори ==
Ред 21 ⟶ 22:
 
== Литература ==
* Д-р Зоран Тодоровски - „Тиквешкото востание во 1913 година“
 
== Надворешни врски ==