Второ Бугарско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Второ Бугарско царство преместена како Второ бугарско царство преку пренасочување
Ред 75:
Кон [[1183]] година, во северниот дел на земјата инвазија извршиле [[Унгарци|Унгарците]], кои ги ограбиле регионите околу [[Ниш]] и [[Средец]], и според некои извори ги украле моштите на [[Свети Јован Рилски]].<ref>http://www.pravoslavieto.com/life/07.01_sv_Ivan_Rilski_moshti.htm Моштите на Свети Јован Рилски</ref> По само две години, [[Нормани|Норманите]] ги нападнале градовите [[Драч]] и [[Солун]]. По нивното зазимање, населението било или ограбено или убиено. По ова, норманските орди се насочиле кон престолнината [[Константинопол]], но благодарение на главниот началник на Византиската војска, [[Алексеј Брана]], Византија успеала да го одбие ударот на норманите. Во истото време, во [[Константинопол]] бил извршен државен удар и на императорскиот трон застанал [[Исак II Ангел]] ([[1185]]-[[1195]]), кој склучил династичен брак со ќерката на унгарскиот крал [[Бела III]].
 
== Востанието на Асен 2 и Петар ==
 
Браќата Асен ([[Иван Асен I]]) и Петар ([[Теодор-Петар IV]]) пораснале во [[Мизија]] и кога биле доволно возрасни, појавиле загриженост за состојбата на бугарските земји кои постојано биле како воено поле во [[Тракија]] и [[Мизија]]. Двајцата браќа отишле кај византискиот император [[Исак II Ангел]] со молба да империјата им даде имот со кој тие би се преврнале во локални феудалци, подчинети на престолнината. На тоа, императорот им одговорил негативно, по кое двата браќа му се заканиле дека ќе го организираат локалното население за избувнување на бунтови и востанија. Стравот на [[Православие|православното население]] во [[Византија]] се зголемил бидејќи се сметало дека [[Свети Димитар]], според преданието, им го свртел грбот на византијците, насочувајќи се да им помага на [[Словени|Словените]], пред се на бугарите. Како еден доказ или мит за ова била изгубената икона на Свети Димитар од [[Солун]], која по необјаснен начин се најдела во ''Трновград'', денешно [[Велико Трново]].