Цоцев Камен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
На стотина метри источно од Цоцев камен се наоѓаат мегалити кои служеле како сончеви и месечеви маркери. На врвот на карпата се наоѓа престол свртен на исток кон маркерите, од каде што може да се следи во која точка изгрева [[Сонце]]то и [[Месечина]]та и според тоа да се формира сончев [[календар]]. Мегалитите имаат дополнителни врежувања врз нив и во непосредна близина се најдени изработени месечиви во голема димензија, што претставува сведок за тоа дали еден објект претставува опсерваторија.
 
== Историја ==
Културната вредност на Цоцев Камен била откриена во [[1971]] година од страна на Душко Алексовски, професор по [[француски јазик]] и основач на Центарот за карпеста уметност во градот Кратово. Неговите изјави дека Цоцев Камен е единствен локалитет во светот кој на едно место обединува светилиште, жртвеник и опсерваторија предизвикале контроверзии во македонската археологија, кои и денеска се предмет на дебата.
 
Во поглед на археолошки ископувања, за Цоцев Камен не постои историјат на истражување. Во археолошката литература овој локалитет се сретнува под името ''Трон-Пешта'', како населба од неолитско и доцноантичко време. Во седумдесеттите години кога било вршено рекогносцирање на теренот, било забележано дека на 1,5 км северно од маалото Цоцевци се издига висока карпа што доминира над околниот терен. На западната страна, под карпата се протега тераса со димензии од 70 х 60 м, на која има фрагменти од неолитски керамички садови со фина и груба фактура, со сива и црвеникава боја. Наоди се среќаваат и во подножјето на терасата, особено во нивите, каде што се наоѓало подградието. Биле откопани неколку питоси и римски монети.
 
== Опис ==
 
Цоцев Камен има основа формирана на [[карпа]] од вулканско потекло, а обединува два типа на локалитети, [[пештера]] и [[полупештера]]. Изложен е на [[ветер]], на [[сонце]] и на атмосферски влијанија. Најверојатно тоа било причината поради која во изминативе епохи не се живеело во него, туку околу него, додека веројатно самата локација се употребувала повремено во [[праисторија]]та, а постои веројатност тоа да се случувало и во подоцнежните периоди. Во одредени делови од карпата (процепи или места обраснати со вегетација) се уште може да се пронајдат керамички фрагменти со најразлична старост. Тие би упатиле на [[светилиште]].
[[Податотека:Cocev kamen3.jpg|thumb|290px|left|Малата и големата пештера]]
Пристапот кон Цоцев Камен е овозможен од неколку правци, но најдостапен е преку денешниот асфалтен пат што води за Коњух, вдолж кој од левата страна се забележува карпа која по својата структура и облик се издвојува од околината. За да се стигне до карпата треба да се поминат околните ораници, како и исушеното речно корито на реката [[Врлеј]]. Од тука, преку нивите со житарици, до Цоцев Камен се простира првата речна тераса (со квартерна старост) на која се сретнуваат фрагменти од праисторијата,римскиот и средновековниот период. Од она место каде завршува култивираната површина, па сè до самата карпа, теренот е покриен со ниска грмушеста вегетација од слаб интензитет, без видливи антропогени нарушувања.
 
Структурата од вулканска карпа овозможила нејзино делкање и дотерување во форма на скалила кои ги има на сите страни
низ Цоцев Камен. Преку нив се стигнува до повеќе рамни платоа. На оние површини коишто имаат хоризонтална поставеност се видливи вдлабнатини со големина на колец, кои најверојатно и ја имале таа намена и функција. Од страната на карпата која е најпристапна за искачување, преку почетните скалила се стигнува прво до т.н. ‘''Мала пештера''’, а потоа и до ‘''Големата Пештера''’ која се
наоѓа над неа.
 
На едно од пониските платоа на Цоцев Камен, од страната каде се лоцирани пештерите, се наоѓаат две испакнати ниши. Тие делуваат како
престоли, но можно е да имале и друга намена. Поставени се на исто ниво еден наспроти друг, на раздалеченост од околу десеттина метри. Директно се изделкани во самата карпа, со што е добиен нивниот облик, а ориентирани се кон исправените камења на соседниот рид. Од нив, преку вертикални скалила се стигнува до уште една платформа, во која се издлабени базени. Двата базена собираат поголемо количество вода и веројатно биле користени како резервоари.
 
== Уметност ==
 
Во едниот дел од Цоцев Камен постои поткарпа со полуовална форма и димензии од 5 x 1,5 x 2 м. Во овој простор со црвена боја се исцртани мотиви кои прикажуваат човечки, животински, геометриски и мотиви со недефиниран карактер. Поткарпата е поставена на спротивната страна од пештерите, базените и престолите. Од она што може да се распознае на ѕидовите од карпата, насликаните
мотиви се групирани во три групи од по 2-3 цртежи, помеѓу кои можат да се распознаат човечки фигури и мотиви кои наликуваат на предмети познати од секојдневието (количка).
 
Во рамките на [[Балкан]]от, но и во светот, биле направени обиди за класификација на композициите и сцените<ref>Стойчев, Т. (2000), Скално изкуство - опит за обща класификация, Годишник на Департамент Археология, НБУ/АИМ, 4-5, 2000, София, 30-54</ref> кај сликаната карпестата уметност генерално<ref>STOYTCHEV T. (2001), Rock Art and Compositions: An Attempt for General Classifi cation, Annuary of the Institute of Archaeology with Museum, BAS, 1, 129-153; Стойчев Т. (2005), Скално изкуство - обща класификация,София: Агато.</ref>. Според овие критериуми, уметноста на Цоцев Камен е на отворено, со хоризонтални рамни цртежи нанесени директно на кар-
пата кои не ја нарушиле или модифицирале нејзината површина. Според технологијата и тематиката, се работи за линиски плоснат цртеж од монохромен карактер (црвена боја) во форма на антропоморфен пиктограм<ref>Пиктограм е слика во која може да се
распознаат реални и имагинарни објекти</ref>.
 
Постојат најразлични толкувања и приоди кон оваа сликарство, почнувајќи од тоа дека го претставува опкружувањето на луѓето кои го
нацртале, па сè до претпоставките за релациите со нивниот социјален и духовен аспект од животот. Интересно е што некои антропогени мотиви од Цоцев Камен се сретнуваат на Балканот во керамичкиот материјал од неолитот, означувајќи стилизирани мотиви на концептот за породилната поза6 или пак се познати од етнографијата<ref>Чаусидис Н. (2005), Космолошки слики, Том 2 (илустрации, каталог), Симболизација и митологизација на космосот во ликовниот медиум, Скопје, Т Б4: 12,13,14,15.</ref>. Истите мотиви подоцна се сретнуваат и на ќилимите од македонската етнографија и пошироко.
 
== Мегалитски карактер ==
 
Споредувањата на Цоцев Камен со археолошкиот локалитет [[Кокино]] во поглед на мегалитската структура би биле мошне неумесни во научниот свет. Кокино е, пред сè, археолошки локалитет кој потекнува од бронзеното доба. Независно од интерпретациите и истражувањата кои овој комплекс го вбројуваат во категоријата на ‘праисториски опсерватории’<ref>Стоев А., Стоева П. (2003), Археоастрономическа интерпретација на скално-изсеченија паметник ‘Татичев камен’, крај село Кокино, обштина Старо Нагоричане, Македонија, Пирајхме 2, Народен Музеј - Куманово, Куманово 2003, 329-339.</ref>, самото именување како мегалитска конструкција е сосема погрешно<ref>Станковски Ј. (2003) Три мегалитни споменици во кумановскиот регион, Пирајхме 2, Народен Музеј - Куманово, Куманово 2003, 229-262.</ref>Според некои автори, Цоцев Камен бил праисториска опсерваторија придружена со светилиште од астрален тип.<ref>Masson E. (2007), Le site pré/protohistorique de Cocev kamen (Macédoine): ses analogies avec des sites européens, ЗБОРНИК МАТИЦЕ СРПСКЕ ЗА КЛАСИЧНЕ СТУДИЈЕ 9, Нови Сад, 7-13.</ref>
 
Хронолошкиот дијапазон на кремениот материјал е помеѓу неолитот и бронзеното доба, со оглед на тоа што овој тип артефакти, без други движни наоди како што е керамиката, не може со апсолутна точност да посведочи за временскиот период. Во околината на Цоцев Камен се пронајдени и артефакти од мазнет камен – мелници и авани. Камениот материјал се чува во Општинскиот центар за карпеста уметност во Кратово<ref>Донев С. (2007), Општински центар за карпеста уметност во Кратово, [Online] Достапно на: http://rock-art.mk/, [пристaпено на 10.10.2010].</ref>. На самиот Цоцев Камен има видливи интервенции на карпите со доволно патина која сведочи за нивната старост,
како и сликана уметност на ѕидовите од поткарпите со претпоставена (за сега непотврдена) праисториска датација. Сликарството врз површината од карпите како и на ѕидовите на пештерите и поткарпите, во себе обединува природно и културно наследство од една територија.
 
==Галерија==