Разлика помеѓу преработките на „Фотон“

Додадени 38 бајти ,  пред 9 години
с
нема опис на уредувањето
с (Фотони преместена како Фотон преку пренасочување)
с
Максвеловата електромагнетна теорија не ги објаснува доволно добро законите за надворешниот фотоефект. [[Алберт Ајнштајн]] кој во 1905 ја создаде квантната теорија за светлината и на законите за надворешниот фотоефект им даде квантно објаснување. Тој претпостави дека не само енергијата што ја зрачат телата е квантувана, туку и самото електромагнетно зрачење има дискретна структура, т.е се состои од одделни кванти на енергија:
:<math> E=hf.</math>
каде што h е [[Планкова константа|Планковата константа]]; f е фревенцијатафреkвенцијата на определен [[квант]]. Според [[Алберт Ајнштајн]], светлината која има електромагнетна природа не само што се зрачи, но, исто така, и се распространува во просторот и се апсорбира од супстанциите во вид на одделни "порции" на енергија - кванти на електромагнетното зрачење. Според тоа распространувањето треба да се гледа не како континуиран процес, но како поток на локализирани во просторот дискретни кванти, кои се движат со брзината c на светлината во вакуум. Тие кванти на електромагнетното зрачење се наречени светлински кванти или фотони. Ова значи дека светлината треба да се гледа и како поток од честици (корпускули)-наречени фотони. Сега процесот на апсорпција на светлината од супстанциите се објаснува со тоа што фотоните ја предаваат целата своја енергија одеднаш на честицата од супстанцијата. Тоа значи дека процесот на апсорпција на светлината протекува дисконтинуирано како во просторот така и во времето. Со други зборови можат да се апсорбираат и емитуваат само цели фотони. Фотоните не можат да бидат емитувани ниту апсорбирани на делови. Овие идеи на [[Алберт Ајнштајн]] влегоа во основата на т.н. квантна теорија за светлината, која овозможи успешно да се објаснат законите на надворешниот фотоефект и многи други оптички појави.
 
==Маса и импулс на фотонот==