Димитрија Чуповски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 62.162.197.151 (разговор), вратено на последната верзија на MacedonianBoy
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
| portaldisp =
}}
'''Димитрија Чуповски''' ([[Папрадиште]], [[Велешко]], [[8 ноември]], [[1878]] - [[Ленинград]], [[СССР]], [[29 октомври]], [[1940]]) бил [[Македонци|македонски]] национален деец, [[општественик]], [[револуционер]], [[политичар]], [[дипломат]], [[публицист]], [[научник]], [[издавач]], [[историчар]], [[картограф]] и [[филолог]] и еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла<ref>{{цитирана книга|title=Македонска енциклопедија|publisher=[[МАНУ]]|location=Скопје|date=2009|volume=II|pages=1633|isbn=978-608-203-024-2|language=македонски}}</ref>. Чуповски е силен заштитник и бранител на [[Македонци|македонската национална самобитност и посебност]], а по поделбата на [[Македонија]] во [[1913]] година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на [[Македонци|македонскиот народ]]. Познат и како '''Димитрија Павле Чуповски''' или '''Димитрија Димов Чуповски''' .
 
Чуповски е член-основач и претседател на [[Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург|Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург]] ([[1902]]–[[1917]]), член-основач и претседател на [[Славеномакедонско национално-просветно друштво „Свцети Кирил и Методиј“|Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј“]] ([[1912]]–[[1913]]), член-основач на [[Руско-македонско благотворно друштво „Свети Кирил и Методиј“|Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“]] ([[1913]]–[[1914]]) и член-основач и претседател на [[Македонски револуционерен комитет во Петроград|Македонскиот револуционерен комитет во Петроград]] ([[1917]]–[[1924]]), но и потпретседател на ''Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на [[Русија]]'' ([[1915]]) и редовен член на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации.
 
Димитрија Чуповски е македонски национален деец и борец, силен заштитник и бранител на [[Македонци|македонската национална самобитност и посебност]], а по поделбата на [[Македонија]] во [[1913]] година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на [[Македонци|македонскиот народ]].
 
== Биографија ==
Ред 43 ⟶ 41:
[[Податотека:MUD Vardar.jpg|left|thumb|170px|Чуповски и членовите на друштвото „Вардар“.]]
 
Во престолнината на штотуку создадената [[Бугарија|бугарска држава]], Димитрија дење работел, а ноќе го посетувал училиштето што било организирано за [[Македонци]]те од страна на [[Даме Груев]], [[Петар Поп Арсов]] и други будни македонски студенти. Така, покрај образованието, Димитрија имал можност да навлезе подлабоко и во македонското ослободително движење, со што бил зацртан неговиот иден животен пат. Своето образование го продолжил во [[Белград]] во вечерната светосавска учителска школа каде, меѓувремено, членувал и во [[Ученичко друштво „Вардар“|ученичкото друштво „Вардар“]] во периодот од [[1893]] до [[1894]] година. По завршувањето на образованието во Белград, Чуповски се вработил како учител во своето родно село, во [[Папрадиште]] и предавал во учебната 1895/1896 година. Но тоа учителување е краткотрајно бидејќи е затворен во затвор попод обвинение дека работи со револуционерното движење. Чуповски по кратко време успева да избега од затворот и преку Белград се упатува за [[Русија]]. Во Русија, Димитрија се запишал во Духовната семинарија во [[Новогород]] и во [[Симферопол]] во периодот од [[1897]] до [[1900]] година. По овие семинарии, Чуповски своето високо образование го продолжува на [[Петербуршки универзитет|Петербуршкиот Универзитет]], но набрзо е исклучен од програмата поради учество во студентски штрајк кој се одвивал во [[1905]] година.
 
Чуповски бил иницијатор и прв претседател на [[Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург|Славјанско-македонското научно литературно друштво]], основано во Петроград во [[1902]] година. Го основал и Национално-просветното ([[1912]]) и Руско-македонското друштво ([[1914]]) во Петроград, а во периодот од [[1912]] до [[1915]] година на [[руски јазик]] го издавал списанието „Македонски глас“ (''Македонскiи голосъ'').
Ред 54 ⟶ 52:
 
== Научно-литературна дејност ==
Во Русија тој го формира [[Македонското научно-литературно другарство во С. Петерсбург|Македонското научно-литературно другарство во Петербург]]“ (МНЛД), предвесникот на денешната [[МАНУ|Македонска академија на науките и уметностите]]. Другарство развива широка мрежа од активности, пред се за запознавање на руската и пошироката европска јавност со вистинските состојби во кои се наоѓале [[Македонија]] и [[Македонци]]те во тоа време.
[[Податотека:Димитрија Чуповски.jpg|мини|лево|250п|Споменик на Чуповски, плоштад Македонија, Скопје]][[Податотека:Makedonski Glas.jpg|right|170px|thumb|Првата страница од првиот број на списанието „Македонски Глас“.]]
Како претседател на МНЛД, Чуповски ги подготвува акциите и плановите на другарството, активно води разговори со руските власти и со турската и австро-унгарската амбасада во [[Русија]], држи предавања во рамките на МНЛД и надвор од него. Во текот на својот творечки живот, Чуповски патувал и во Македонија заради подготовките за отворање на училишта на [[македонски јазик]] во периодот од [[1905]] до [[1911]] година. Покрај дејностите во МНЛД, тој бил и сопственик на Посредничкото биро „Трудовој Посредник“ и тогаш го издава годишникот ''„Д{{Уникод|ѣ}}ловой Петербургъ“'' во [[1909]] и [[1910]] година.
 
Пред самиот почеток на [[Балкански војни|Балканските војни]], Чуповски со останатите членови на МЛНД настапувале на јавни собири во рускиот печат и јавен живот. По почетокот на војните, Димитрија пристигнува во [[Велес]] и со [[Петар Попарсов]] организираат ''Општомакедонска конференција'' во [[декември]] [[1912]] година. Целта на конференцијата била да се донесат заклучоци, а воедно и да се испрати сигнал, за зачувување на целоста на Македонија и обезбедување на слободата и државноста на истата. На самата конференција и од нејзиниот исход, Чуповски добива полна подршка и полномошност за застапување на тие интереси преку [[Македонска колонија во Петроград|Македонската колонија во Петроград]] и да ги презентира истите тие интереси пред Русија и [[Европа]], воопшто.
[[File:Karta Makedonija 1913.jpg|thumb|right|170px|Картата изработена од Чуповски во 1913.]]
Со самиот почеток на реализацијата на остварувањето на овие зацртани определби, Чуповски и Попарсов заминуваат за [[Лондон]] и [[Париз]]. Таму тој ги создава своите статии за македонската државност и за завојувачкиот карактер на војната. Во тој момент Чуповски ја објавува и првата карта за Македонија во боја и на македонски јазик - „Карта Македониіа“. Покрај картата, Чуповски ги објавува и „Македонски народници“ во март [[1913]] година и „Меморандум на Македонците“<ref>[http://www.mn.mk/aktuelno/2964-Memorandum-za-nezavisnost-na-Makedonija-od-1-mart-1913-godina Меморандум за независност на Македонија од 1 март 1913 година]</ref> на [[1 март]] [[1913]] година. Сите три, Чуповски ги испраќа до [[Лондонска конференција|Лондонската конференција]] и до рускиот печат за подобро запознавање со [[Македонско прашање|македонското прашање]] и желбата на Македонците за своја слободна татковина. На [[7 јуни]] бил потпишан и „Меморандумот на Македонците“ кој пак бил испратен до владите на балканските држави, додека пак на [[9 јуни]] [[1913]] година Чуповски и МНЛД го издаваат својот прв број на македонското списание на [[руски јазик]] „[[Македонски глас (Петроград)|Македонски Глас]]“. Ова списание со 11 броја кое излегувало од [[20 ноември]] [[1914]] година е важен историски архив за борбата на Македонците за зачувување на територијалната целост на Македонија и за извојувањето на македонската национална слобода.
 
Пoкрај сите овие дејности кои ги организирале Чуповски и МЛНД, тие заедно со [[Крсте Петков Мисирков]] како заеднички акт од Петроградската и [[Јужноруска колонија|Јужноруската колонија]] поднесуваат опширен Меморандум до рускиот министер за надворешни работи на [[14 август]] [[1914]] година. Заедно со [[Наце Димов]] и ''Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија'' тие организираат и ''Словенски лазарет за ранетите руски воини'' во [[1915]] година.
Ред 95 ⟶ 93:
 
== Видете исто така ==
* [[Македонски глас]]
* [[Крсте Петков Мисирков]]
* [[Историја на македонскиот народ]]
* [[Македонски глас]]
* [[Македонска колонија во Петроград]]
 
Ред 103 ⟶ 99:
* [[:s:Писмо на Димитрија Чуповски до Неофит|Писмо на Димитрија Чуповски до Неофит]] на [[Викиизвор]].
* [http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=46 Димитрија Чуповски]
* [http://macedonian.atspace.com/knigi/mak_golos.htm МАКЕДОНСКIЙ„МАКЕДОНСКIЙ ГОЛОСЪГОЛОСЪ“ - Број 1 (9 јуни 1913 година)]
* [http://mn.mk/istorija/298-dimitrija-cupovski Димитрија Чуповски]
* [http://www.makedonika.org/NarodnaVolja/stat_link17.html Националната дејност на Чуповски]