Разлика помеѓу преработките на „Прва балканска војна“

нема опис на уредувањето
с (превод)
|casus=
|territory=
|result=Победа на [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]] на победници, [[Лондонски договор, 1913|Лондонски договор]]
|combatant1=[[Податотека:Ottoman Flag.svg|22x20px]] [[Отоманска Империја]]
|combatant2=[[Балкански сојуз]]:
[[Податотека:Flag of Bulgaria (1878-1944).svg|22x20px]] [[Царство Бугарија]]
[[Податотека:Flag of Greece (1828-1978).svg|22x20px]] [[Кралство Грција]]
[[Кралство Црна Гора]]
[[Податотека:Flaf of Serbia (1882-1918).png|22x20px]] [[Кралство Србија]]
|commander1=[[Низам Паша]], [[Зеки Паша]], [[Есат Паша]], [[Абдула Паша]], [[Али Риза Паша]]
|commander2='''Царство Бугарија''': [[Владимир Вазов]], [[Васил Кутинчев]], [[Никола Иванов]], [[Радко Димитриев]]
'''Кралство Србија''': [[Радомир Путник]], [[Петар Бојовиќ]], [[Степа Степановиќ]]
'''Кралство Грција''': [[Константин I од Грција|Принцот Константин]], [[Панагиотис Данглис]], [[Павлос Кунтуриотис]]
|strength1=350,.000 војници
|strength2=[[Царство Бугарија]] 600,.000 војници, [[Кралство Србија]] 220,.000 војници, [[Кралство Грција]] 115,.000 војници, [[Кралство Црна Гора]] 35,.000 војници
|casualties1=
|casualties2=
[[Податотека:The_theatre_of_war_in_the_balkan_states_and_turkey.png|thumb|right|300px|Подрачје каде се одвивале воените дејствија]]

'''Првата балканска војна''' формално била започната од страна [[Кралство Црна Гора|Кралството Црна Гора]] на [[9 октомври]] [[1912]] година, а потоа на [[18 октомври]] се приклучиле и останатите сојузници, што всушност се смета и за почеток на Првата балканска војна. [[Балкански сојуз|Балканските сојузнички војски]] за релативно кратко време ја скршиле воената моќ на [[Отоманска Империја|Отоманската империја]] која била победена на сите фронтови и била принудена набргу да побара мир.

Воените операции главно се воделе во [[Тракија]] и [[Портал:Македонија|Македонија]], со забележително учество на македонски доброволци. Балканските сојузници успеале да го исползуваат ентузијазмот и воодушевувањето на [[Македонци]]те да се борат за слободата на својата земја.

== Борбени дејствија ==
Главнината на кралската српска војска под команда на принц [[Александар Караѓорѓевиќ]] ја нападнала најголемата концентрација на единиците на Отоманската империја во [[Куманово]]; втората војска минала во [[Бугарија]], а оттаму во [[Источна Македонија]] за да ја ослабнат главната турска армија одзади; Косово била целта на третата војска, додека четвртата го зазела [[Нови Пазар]], што преку [[Санџак]] ги поврзувал [[Црна Гора]] и [[Србија]].

Главнината на кралската српска војска под команда на принц [[Александар I Караѓорѓевиќ]] ја нападнала најголемата концентрација на единиците на Отоманската империја во [[Куманово]]; втората војска минала во [[Бугарија]], а оттаму во [[Источна Македонија]] за да ја ослабнат главната турска армија одзади; Косово била целта на третата војска, додека четвртата го зазела [[Нови Пазар]], што преку [[Санџак]] ги поврзувал [[Црна Гора]] и [[Србија]].

Во [[Тракија]], двете главни бугарски војски удриле со сета сила на Лозенград (сегашен [[Киркларели]] во северозападна Турција) и [[Одрин]] (Едирне во Турција) што била влезната врата кон [[Истанбул]].
Македонскиот поход се одвивал во свирепи услови. Дождот и снегот го направиле теренот и патеките калливи. Целиот регион бил покриен со мртви тела на војници, цивили и коњи. Додека се приближувала кон [[Скопје]], српската војска го уништувала и убивала локално албанско население. Загреани од приказните за злосторствата што [[Албанци]]те ги вршеле врз [[Христијани|христијанското]] население за време немирите во албанските територии, Србите ја ослободиле сета [[Национализам|националистичка]] омраза против незаштитените села.

Главниот иследник на масакрите во Скопје била „[[Црна рака|Црната рака]]“, со седиште во близина на [[Русија|Рускиотрускиот]] конзулат, во објект што набрзо потоа го нарекле [[Црна куќа|Црната куќа]]. „Црната рака“, со својата мрежа на агенти, ја избегнала контролата на воените власти и сe повеќе ја земала улогата на неформална влада на ''ослободена стара Србија''. Неколку недели потоа, власта во [[Белград]] почнала да назначува цивилни администратори на овие територии, но оние што одбивале да се потчинат на барањата на „Црната рака“ и на четниците биле исплашени. [[Бранислав Нушиќ]], писателот кој ја поздрави војната со голем ентузијазам, се повлекол од функцијата гувернер на [[Битола]] со страв и згрозеност од активностите на овие единици.

Иако се соочиле со слаб отпор при нивната офанзива северно од [[Епир]] и источно од [[Солун]], Грците биле неспособни да ја заземат [[Јанина]], којашто жестоко ја бранел еден турски гарнизон. Додека се пробивале северно кон [[Македонија]] во правец на [[Битола]], што според српско-грчките сознанија Грците требало да ја окупираат, тие станале единствената војска во [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]] на која Турците им нанеле сериозна воена штета. Од оваа причина, и на големо незадоволство на српската команда, Србите биле тие што требале да се соочат со турската војска кај нејзиното последно упориште во близината на [[Битола]].

=== Битолска битка ===
''Види [[Битка кај Битола (Прва балканска војна)|Битка кај Битола]]''

Околу 110.000 Срби биле потиснати на север и на запад од [[Битола]] наспроти 80 или 90.000 турски војници. По три дена борби, во кои загинале 12.000 Срби и 17.000 Турци, турските сили капитулирале на [[18 ноември]]. Речиси 45.000 мажи биле заробени од страна на Србите; други 30.000 избегале во планините на македонско-албанската граница.

=== Ослободување на Солун ===
''Види [[Окупацијата на Солун во Првата балканска војна]]''
Грците не биле многу потресени околу нивната неможност да се борат во Битола. Пет дена пред почнувањето на борбите, принцот Константин церемонијално влегол во [[Солун]], накиснат на студениот, зимски дожд. Непосредно по почнувањето на српската офанзива на [[Куманово]], престанале да работат телеграфските врски од и кон Солун. Дури откако почнале во градот да пристигнуваат огромен број албански и турски бегалци, народот почнал да го сфаќа обемот на воената катастрофа со која се соочила [[Османлиска Империја|Османлиската Империја]]. Речиси 20.000 бегалци биле сместени по локалните [[џамија|џамии]] во страшно нехигиенски услови. По нив дошле и војниците кои се повлекувале - некои од нив бегале од Србите, дел бегале од Грците кои се движеле источно од планината [[Олимп]], а дел биле потиснати од [[Седма рилска дивизија|бугарската дивизија Рила]] што брзала надолу по реката [[Струма]].

Грците не биле многу потресени околу нивната неможност да се борат во [[Битола]]. Пет дена пред почнувањето на борбите, принцот Константин церемонијално влегол во [[Солун]], накиснат на студениот, зимски дожд. Непосредно по почнувањето на српската офанзива на [[Куманово]], престанале да работат телеграфските врски од и кон Солун. Дури откако почнале во градот да пристигнуваат огромен број албански и турски бегалци, народот почнал да го сфаќа обемот на воената катастрофа со која се соочила [[Османлиска Империја|Османлиската Империја]]. Речиси 20.000 бегалци биле сместени по локалните [[џамија|џамии]] во страшно нехигиенски услови. По нив дошле и војниците кои се повлекувале - некои од нив бегале од Србите, дел бегале од Грците кои се движеле источно од планината [[Олимп]], а дел биле потиснати од [[Седма рилска дивизија|бугарската дивизија Рила]] што брзала надолу по реката [[Струма]].

Грчките и бугарските сили очајно настојувале први да стигнат до Солун, којшто бил најголемата награда од османлиското наследство и немало никакви претходни договори за неговиот статус. Во тој случај, поседувањето ќе биде закон. Принцот Константин и единиците под негова команда ја претркрале дивизијата Рила за неколку часа. Кога влеглe во [[Солун]], грчкото население го преплавило градот со сино-бели бои. Заедно со него бил [[Теоктистос]], патријархот од [[Атина]], коj му се придружил на метрополитот од Солун [[Генадиос]] во прославата на специјалната миса во црквата [[Свети Минас]].
Најмногу македонски доброволци беа регрутирани во армијата на [[Царство Бугарија|Царството Бугарија]]. На [[Тракиски фронт|тракискиот фронт]] учествуваа 14.000 Македонци организирани во [[Македонско-одринско ополчение]] (доброволци). Македонски доброволци биле регрутирани и во војската на [[Кралство Србија|Кралството Србија]] и [[Кралство Грција|Кралството Грција]].

Одредот на [[Јане Сандански]] со 500 четници, составен од реонските чети на [[Александар Бујнов]], [[Тодор Паница]], [[Таската Серски]], [[Чудомир Кантарџиев]] и други, дејствувајќи самостојно прво го освоиле градот [[Мелник]] со околните места. Во реонот на Мелник и [[Сандански|Свети Врач]] покрај споменативе самостојни чети, под нивна команда се наоѓаа околу 400 мелничани, триста лица од Свети Врач и околу седумдесет востаници од околните села.

Откако ја пробиле [[Рупелиска Теснина|Рупелиската Теснина]], [[Седма рилска бугарска девизија|Седмата рилска бугарска девизија]] и четите под команда на Сандански со 300 востаници, во придружба на четите на [[СтојоСтоју Хаџиев]], [[Димитар Арнаудов]], Александар Бујнов и други, како претходница на бугарската коњаница, влегле во [[Солун]] пред настапувањето на бугарските единици.

Иако Македонија била ослободена од турското ропство, со големо учество на свои доброволци кои се бореле за автономна држава, нејзината судбина била решена на [[Лондонски договор, 1913|Лондонската конференција]], односно таа останала окупирана од страна на новите окупатори [[Кралство Србија|Кралството Србија]], [[Царство Бугарија|Царството Бугарија]] и [[Кралство Грција|Кралството Грција]].

== Лондонски договор ==
''Види [[Лондонски договор, 1913]]''

На [[30 мај]] [[1913]] година, Отоманската империја го потпишала [[Лондонски договор, 1913|мировниот договор]] во [[Лондон]], според кој се откажала од териториите западно од линијата [[Енез]]-[[Мидија]] во корист на балканските сојузници, со тоа што било одлучено да се создаде албанска држава, чии граници требало да се утврдат дополнително.

Загубите во загинати, ранети и заробени изнесувале: [[Отоманска Империја]] 153.000, [[Царство БугариjаБугарија]] 73.000, [[Кралство Србија]] 30.000, [[Кралство Грција]] 28.671 и [[Кралство Црна Гора]] 10.000 луѓе.

Материјалните загуби на Царството БугариjаБугарија изнесувале една милијарда и 300 милиони франци, на Кралството Србија 590 милиони, на Кралството Грција 467 милиони и на Кралството Црна Гора околу 100.000 франци. Загубите на Македонија, човечки и материјални, не се наведуваат, ниту во еден извор, иако војната се водела и во Македонија, а од глад и болест умирале најмногу деца и стари. Македонија загубила сè што имала: територијата распарчена, народ и имотот национализирани, историјата погребана. Затоа [[Јане Сандански]] рекол дека за Македонија ќе било подобро да остане под турско ропство, оти тие што ќе ја ослободат, ќе ја распарчат и повторно ќе ја поробат.

== Види уште ==
6.352

уредувања