Долмабахче: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
== Историја ==
 
До средината на [[19 век]], резиденцијата на [[Отоманската Империја]], односно на султанот се наоѓала во [[Топкапи Сарај]], кој бил изграден главно во средновековен стил. Во времето кога империјата своите контакти ги проширила со земјите од [[Западна Европа]], султанот решил дека треба да биде изградена палата по европски стил. Така, по порачка на султанот [[Абдул Меџид I]], ерменските архитекти Карабет и Балијан ја изградиле новата резиденција. Изградбата на истата започнала во [[1842]], а завршила до [[1856]] година целосно. Трошоците кои биле потрошени за изградбата на Долмабахче биле околу 5 милиони фунтилири<ref>[http://www.emporis.com/application/?nav=building&lng=3&id=107341 Emporis: ''Dolmabahçe Palace'']</ref>, кое одговарало на приближно 1/4 од годишните даноци. Финансирањето на објектот се одвивало преку печатење на [[книжни пари]]. Според некои извори, се говори дека тогашниот министер за финансии му соопштил на султанот дека изградбата на палатата чини околу 35003,500 пиастра, но всушност тоа била сумата која била неопходна за печатењето на парите.
 
Самата изградба довела да империјата се доближи до банкрот и да стане финансиски зависна од надворешни извори односно земји. Долмабахче е првиот дворец кој бил изграден во европски стил. Од неговата изградба со 1922 година служел како главна резиденција на султанот. По ова, овде живеел и таткото на турската нација, [[Мустафа Кемал Ататурк]].