Македонска преродба: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.5.1) (Бот Додава: bg:Македонизъм, en:Macedonian nationalism
с Робот: Форматирам ISBN
Ред 54:
Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, антимакедонски настроен, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот бугар означува Словен“ (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Српскиот пропагатор, Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „гркиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим...полухеленизираните македонски словени- Чифчии, пкмалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић (1865-1927), рада "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.). Др. Јован Цвијиќ, познат српски етногеограф и академик, српската влада го има пратено во Македонија во 1905 г. и за големосрпски владини интереси има напишано дека Македонците се аморфна маса, без национална свест и книжевен јазик, кои имале симпатии и кон Србите и кон Бугарите, па лесно можеле да се претопат или во Срби или во Бугари. Но, истиот тој Цвијиќ, подоцна сведочи дека кога бил во Македонија, Македонците имале развиено македонска национална свест па самиот се демантира и вели: "малите луѓе од народот, селаните, знаат само дека се Македонци" (Svetozar Pribicevic: „ Diktatura kralja Aleksandra”, 5. poglavlje, str.128).
 
И во сама Елада и Тесалија, имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугари ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани склавиниите на племињата Милинги и Езерци. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 -333 -75185 -X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church).
Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин:
“Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени...го велеа со презреното име „бугари". …Грците…употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко.. Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено… ( “За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“ 1903 ). За жал, неколку пати во својот живот, Крсте П. Мисирков од страна на бугарската полиција, под закана за физичко ликвидирање, бил теран да потпишува статии со пробугарска позиција, претходно напишани од самата бугарска држава.