Митоза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 62.162.216.206 (разговор), вратено на последната верзија на Raso mk
Дополнување
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
Името '''митоза''' често се употребува како синоним за [[Делба на клетките|клеточната делба]], меѓутоа, митозата е само делба на [[Клеточно јадро|јадрото]]. Митозата, главно, се врши во телесните (соматски) [[Клетка|клетки]]. Во оваа делба, јасно е видлива кончестата структура на [[хромозом]]ите (од каде доаѓа и името на оваа делба, на [[Грчки јазик|грчки]] ''mitos'' значи конец). [[Биологија|Биолошката]] смисла на митозата се состои во рамномерната распределба на [[Наследен материјал|наследниот материјал]], што се содржи во хромозомите на двете новодобиени со митоза јадра. Митозата може да се смета и како и крајна видлива фаза на делење на [[Репликација|реплицираните]] хромозоми.
 
== Фази на митозата ==
 
Пред да започне самата делба, во секоја клетка протекуваат процеси на подготовка, опфатени со името [[интерфаза]]. Интерфазата вклучува:
 
* зголемување на клеточната маса преку засилена синтеза на белковини;
* [[репликација]] на [[ДНК]];
* создавање енергија.
 
На крајот од интерфазата запираат сите процеси на синтеза. Клетката започнува со делба.
 
Митозата претставува еден динамичен и континуиран краткотраен процес. Меѓутоа, за полесно објаснување на истиот, оваа делба е поделена на неколку фази, и тоа [[профаза]], [[метафаза]], [[анафаза]] и [[телофаза]].
 
=== Профаза ===
 
Профазата е почетната фаза на делење на клетката. Јадрената мембрана исчезнува, хроматинските нишки во јадрото се удвојуваат и се спирализираат, образувајќи две еднакви долги спирали - хромозоми, поврзани со [[центромер]]. Двете [[Центриола|центриоли]] (кај животинските клетки) се придвижуваат кон спротивните полови на клетката.
 
=== Метафаза ===
 
Центриолите ослободуваат протеински нишки кои се поврзуваат и образуваат [[делбено вретено]]. Хромозомите се придвижуваат кон екваторијалната рамнина на делбеното вретено, при што се израмнуваат, прикрепени со своите центромери за нишките на вретеното.
 
=== Анафаза ===
 
Центромерите се реплицираат и двете хроматиди од секоја хромозомска двојка се придвижуваат кон спротивните краеви на клетката.
 
=== Телофаза ===
 
Телофазата е последната фаза на митозата. Нишките од вретеното исчезнуваат и околу секоја група на ќеркини хромозоми се образува нова јадрена мембрана - се образувале нови јадра, во кои хромозомите се деспирализираат и пак одново образуваат нишковидна маса.
 
== Галерија ==
 
<gallery>
Податотека:ProphaseIF.jpg|1. Профаза
Податотека:Prometaphase.jpg|2. Прометафаза
Податотека:MetaphaseIF.jpg|3. Метафаза
Податотека:Anaphase IF.jpg|4. Анафаза
Податотека:TelophaseIF.jpg|5. Телофаза
</gallery>
 
<gallery>
Податотека:Prophase procariotic mitosis.svg|Опис1
Податотека:Prometaphase procariotic mitosis.svg|Опис2
</gallery>
 
[[Категорија:Клетка]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Митоза