Торинска скала: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
==Моментално рангирање==
Торинската скала освен броеви, користи и бои за означување на степенот на опаснот. Тоа се: белата, зелената, жолтата, портокаловата и црвената. Досега, немало официјално рангирање на степенот на опасност од удар на небесно тело поголемо од 4. Во моментот, највисокото рангирање е 1.
 
{| class="wikitable"
!bgcolor="white" colspan="2"|Без опасност (бела зона)
|-bgcolor="white"
|0.||Веројатноста за удар е нула, или пак е толку мала што може да се смета како нула. Важи и за мали тела, како што се метеорите и тела кои согоруваат во атмосферата, како и за нефреквентни паѓања на метеори кои ретко предизвикуваат штета;
|-style="background-color: #32cd32"
!colspan="2"|Нормално (зелена зона)
|-style="background-color: #98E698"
|1.||Рутинско откритие, во кое е предвиден премин близу до Земјата, но не претставува скоро никаков степен на опасност. Според пресметките, шансите за удар се премногу мали, без причина за вознемиреност и известување на јавноста. Со нови опсервации, опасноста скоро сигурно ќе се намали до ниво 0;
|-bgcolor="yellow"
!colspan="2"|Заслужува внимание од астрономите (жолта зона)
|-bgcolor="#FFFF80"
|2.||Откритие на објект кој поминува близу до Земјата, но не е на некоја невообичаена патека. Со новите попроширени истражувања, ваквите откритија може да станат рутина. Иако го заслужува вниманието на астрономите, нема причина за известување на јавноста и нејзино вознемирување, затоа што веројатноста за удар е многу мала. Со нови опсервации, опасноста скоро сигурно ќе се намали до ниво 0;
|-bgcolor="#FFFF80"
|3.||Блиска средба која заслужува внимание од астрономите. Според сегашните пресмеки, се дава шанса од 1% или повеќе дека ќе има удар, кој може да донесе локални штети. Најверојатно со нови опсервации опасноста ќе се намали до ниво 0. Известување на јавноста и алармирање на јавните личности се прави само доколку средбата е за помалку од 1 декада;
|-bgcolor="#FFFF80"
|4.||Блиска средба која заслужува внимание од астрономите. Според сегашните пресмеки, се дава шанса од 1% или повеќе дека ќе има удар, кој може да предизвика регионални катастрофи. Најверојатно со нови опсервации опасноста ќе се намали до ниво 0. Известување на јавноста и алармирање на јавните личности се прави само доколку средбата е за помалку од 1 декада;
|-bgcolor="orange"
!colspan="2"|Претставува опасност (портокалова зона)
|-bgcolor="#FFBF80"
|5.||Блиска средба која претставува сериозна, но сé уште несигурна опасност од регионални катастрофи. Потребно е големо внимание од астрономите за да се утврди дали ќе има удар или не. Ако ударот е за помалку од 1 декада, од владите може да се бара донесување на план за непредвидливи ситуации;
|-bgcolor="#FFBF80"
|6.||Блиска средба со голем објект кој претставува сериозна, но сé уште несигурна опасност од глобална катастрофа. Потребно е големо внимание од астрономите за да се утврди дали ќе има удар или не. Ако ударот е за помалку од 3 декади, од владите може да се бара донесување на план за непредвидливи ситуации;
|-bgcolor="#FFBF80"
|7.||Многу блиска средба со голем објект, која доколку се случи во овој век, претставува опасност без преседан, но се уште не е сигурна опасност од глобална катастрофа. Доколку се открие ваков објект во овој век, треба да се донесе меѓународен план за опасни и непредвидливи ситуации. Потребно е да се утврди со точност дали ќе има удар или не;
|- style="background-color: red"
!colspan="2"|Сигурен удар (црвена зона)
|- style="background-color: #FF8080"
|8.||Сигурно ќе има удар кој може да направи локални штети, доколку ударот се случи на копно, или пак најверојатно цунами, доколку е близу до брегот. Вакви настани во просек се случуваат еднаш во периодот помеѓу 50 до неколку илјади години.
|- style="background-color: #FF8080"
|9.||Сигурно ќе има удар кој без преседан може да доведе до регионални опустошувања, доколку се случи на копно, или да предизвика огромно цунами, доколку се случи во некој океан. Вакви настани во просек се случуваат еднаш во периодот помеѓу 10 000 и 100 000 години.
|- style="background-color: #FF8080"
|10.||Сигурно ќе има удар кој ќе предизвика глобални климатски катастрофи, кои можат да претставуваат опасност за опстанокот на цивилизацијата како што ја познаваме, без разлика дали ударот е во океан или пак на копно. Вакви настани во просек се случуваат еднаш на 100 000 години, или пак поретко.
|}