Научен метод: Разлика помеѓу преработките

Додадени 4.290 бајти ,  пред 16 години
нема опис на уредувањето
[непроверена преработка][непроверена преработка]
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
{{никулец}}
'''Научниот метод''' или '''научниот процес''' е од фундаментално значење за [[наука|научното истражување]] или при стекнувањето на ново [[знаење]] базирано на физички доказ од страна на [[научна заедница|научната заедница]]. Научниците користат [[набљудување|набљудувања]] и [[резонирање]] за да предложат пробни објаснувања за природните феномени, наречени [[хипотеза|хипотези]]. Според важечката претпоставка на [[Натурализам (филозофија)|методолошкиот материјализам]], настаните што можат да се набљудуваат во [[природа|природата]] можат да се објаснат само со природни закони, без да се претпостави постоењето или непостоењето на [[натприродно|натприродното]]. [[Предвидување|Предвидувањата]] од овие хипотези се тестираат со различни [[експеримент|експерименти]], што треба да бидат [[повторливост|повторливи]]. Важен аспект на хипотезата е дека мора да биде [[побливливост|побивлива]], со други зборови, таа мора да биде смислена така што хипотезата може да биде погрешна. Ако [[предлог|предлогот]] не е побивлив, тогаш тоа не е хипотеза, туку мислење или изјава надвор од опсегот на научното истражување.
 
Кога хипотезата е повеќе пати верифицирана преку експеримент, се смета дека е [[теорија]] и новите предвидувања се базираат на неа. Било какви грешни предвидувања, внатрешни противречности или празнини, или необјаснети феномени, започнуваат генерирање и размислување за поправки или алтернативни хипотези, кои исто така се тестираат, и така натаму. Било која хипотеза која е доволно [[убедливост|убедлива]] за да може да се прават предвидувања, е тестирана на овој начин.
 
Непроверена хипотеза може доста да се користи меѓу специјалистите поради нејзината елегантност или некакво интиутивно чувство за нејзината валидност, или предвидување дека таа ќе потврдена, иако таа не е формално прифатена се додека убедлив експериментален доказ не биде презентиран.
 
Развојот на нова технологија е поврзан со развојот на знаењето според научниот метод, и може да служи како понатамошен тест за валидноста на поставените идеи и извор за нови алатки со кои се подобрува стекнувањето на знаење, преку проширување на опсегот на набљудуваното или подобрување на квалитетот на набљудувањата. Понатаму, потребата да се разбере или искористи некој природен феномен во развојот на технологијата може да мотивира научно истражување на природата на тој феномен. Видете на пример, [[нафта]].
 
Вообичаено гледиште е да се земат научните методи како основна логика на научната пракса, ''на пр.'', [[Карл Попер]]. Како и да е, истакнувањето на основната логика е оспорено од оние што ги истакнуваат социолошките аспекти (види [[социологија на наука]] и [[социологија на научно знаење]]). Научните методи се средства користени од научните заедници за изградба на основано, [[Доказ|докажано]] [[разбирање]] на нашиот природен [[свет]]. Постои [[контроверзија]] кај научните заедници за различните аспекти на ова разбирање.
 
 
 
[[bg:Научен метод]]
[[ca:Mètode científic]]
[[da:Videnskabelig metode]]
[[de:Wissenschaftliche Methode]]
[[el:Επιστημονική μέθοδος]]
[[en:Scientific method]
[[et:Teaduslik meetod]]
[[es:Método científico]]
[[eo:Scienca metodo]]
[[fi:Luonnontieteellinen metodi]]
[[fr:Méthode scientifique]]
[[id:Metode ilmiah]]
[[io:Ciencala metodo]]
[[it:Metodo scientifico]]
[[nl:Wetenschappelijke methode]]
[[no:Vitenskapelig metode]]
[[ja:科学的方法]]
[[pl:Metoda naukowa]]
[[pt:Método científico]]
[[ro:Metodă ştiinţifică]]
[[ru:Научный метод]]
[[simple:Scientific method]]
[[sv:Vetenskaplig metod]]
[[th:ระเบียบวิธีทางวิทยาศาสตร์]]
[[zh-cn:科学方法]]