Разлика помеѓу преработките на „Димитрија Чуповски“

Додадени 14.237 бајти ,  пред 10 години
с
Отстрането уредувањето на 62.162.197.151 (разговор), вратено на последната верзија на MacedonianBoy
(k;l;klkl;lkk;k;k;k;k;k;k;;k;k;k;k;k;k)
с (Отстрането уредувањето на 62.162.197.151 (разговор), вратено на последната верзија на MacedonianBoy)
{{Инфокутија за писател
|ја name = Димитрија Чуповски
| image = Dimitrija Cupovski- portret.jpg
| imagesize =
Чуповски бил иницијатор и прв претседател на [[Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург|Славјанско-македонското научно литературно друштво]], основано во Петроград во [[1902]] година. Го основал и Национално-просветното ([[1912]]) и Руско-македонското друштво ([[1914]]) во Петроград, а во периодот од [[1912]] до [[1915]] година на [[руски јазик]] го издавал списанието „Македонски глас“ (''Македонскiи голосъ'').
 
Димитрија Чуповски починал во [[Ленинград]] ([[Санкт Петербург]]), на [[29 октомври]] [[1940]] година како турски поданик, изнесен за погреб прекриен со знамето на Македонската колоколонија изработено во 1914 г. На крстот син му му ги напишал зборовите што самиот му ги поставил на брата му Наце:
 
{{Цитатник|Борец за правото и слободата на македонскиот народ}}.
 
По половина век, во [[1990]] година неговите посмртни остатоци со државни свечености биле пренесени од Ленинград во [[Скопје]].
 
== Научно-литературна дејност ==
Во Русија тој го формира “[[Македонското научно-литературно другарство во С. Петерсбург|Македонското научно-литературно другарство во Петербург]]“ (МНЛД), предвесникот на денешната [[МАНУ|Македонска академија на науките и уметностите]]. Другарство развива широка мрежа од активности, пред се за запознавање на руската и пошироката европска јавност со вистинските состојби во кои се наоѓале [[Македонија]] и [[Македонци]]те во тоа време.
[[Податотека:Димитрија Чуповски.jpg|мини|лево|250п|Споменик на Чуповски, плоштад Македонија, Скопје]][[Податотека:Makedonski Glas.jpg|right|170px|thumb|Првата страница од првиот број на списанието „Македонски Глас“.]]
Како претседател на МНЛД, Чуповски ги подготвува акциите и плановите на другарството, активно води разговори со руските власти и со турската и австро-унгарската амбасада во [[Русија]], држи предавања во рамките на МНЛД и надвор од него. Во текот на својот творечки живот, Чуповски патувал и во Македонија заради подготовките за отворање на училишта на [[македонски јазик]] во периодот од [[1905]] до [[1911]] година. Покрај дејностите во МНЛД, тој бил и сопственик на Посредничкото биро „Трудовој Посредник“ и тогаш го издава годишникот ''„Д{{Уникод|ѣ}}ловой Петербургъ“'' во [[1909]] и [[1910]] година.
 
Пред самиот почеток на [[Балкански војни|Балканските војни]], Чуповски со останатите членови на МЛНД настапувале на јавни собири во рускиот печат и јавен живот. По почетокот на војните, Димитрија пристигнува во [[Велес]] и со [[Петар Попарсов]] организираат ''Општомакедонска конференција'' во [[декември]] [[1912]] година. Целта на конференцијата била да се донесат заклучоци, а воедно и да се испрати сигнал, за зачувување на целоста на Македонија и обезбедување на слободата и државноста на истата. На самата конференција и од нејзиниот исход, Чуповски добива полна подршка и полномошност за застапување на тие интереси преку [[Македонска колонија во Петроград|Македонската колонија во Петроград]] и да ги презентира истите тие интереси пред Русија и [[Европа]], воопшто.
[[File:Karta Makedonija 1913.jpg|thumb|right|170px|Картата изработена од Чуповски во 1913.]]
Со самиот почеток на реализацијата на остварувањето на овие зацртани определби, Чуповски и Попарсов заминуваат за [[Лондон]] и [[Париз]]. Таму тој ги создава своите статии за македонската државност и за завојувачкиот карактер на војната. Во тој момент Чуповски ја објавува и првата карта за Македонија во боја и на македонски јазик - „Карта Македониіа“. Покрај картата, Чуповски ги објавува и „Македонски народници“ во март [[1913]] година и „Меморандум на Македонците“ на [[1 март]] [[1913]] година. Сите три, Чуповски ги испраќа до [[Лондонска конференција|Лондонската конференција]] и до рускиот печат за подобро запознавање со [[Македонско прашање|македонското прашање]] и желбата на Македонците за своја слободна татковина. На [[7 јуни]] бил потпишан и „Меморандумот на Македонците“ кој пак бил испратен до владите на балканските држави, додека пак на [[9 јуни]] [[1913]] година Чуповски и МНЛД го издаваат својот прв број на македонското списание на [[руски јазик]] „[[Македонски глас (Петроград)|Македонски Глас]]“. Ова списание со 11 броја кое излегувало од [[20 ноември]] [[1914]] година е важен историски архив за борбата на Македонците за зачувување на територијалната целост на Македонија и за извојувањето на македонската национална слобода.
 
Пoкрај сите овие дејности кои ги организирале Чуповски и МЛНД, тие заедно со [[Крсте Петков Мисирков]] како заеднички акт од Петроградската и [[Јужноруска колонија|Јужноруската колонија]] поднесуваат опширен Меморандум до рускиот министер за надворешни работи на [[14 август]] [[1914]] година. Заедно со [[Наце Димов]] и ''Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија'' тие организираат и ''Словенски лазарет за ранетите руски воини'' во [[1915]] година.
 
Следната 1916 година Чуповски се обидува да дојде во Македонија, но тој обид завршува на [[Романија|романската]] граница. Во текот на истата година но во наредната [[1917]] година пропаѓаат и обидите за создавање на ''Балканска Федеративна Демократска Република'', зацртан план на Македонскиот револуционерен комитет, кој пак бил задушен од самата [[Октомвриска револуција|Октомвриска револуција]] во [[Русија]] во [[1917]] година.
 
Обидите на Чуповски и понатака да придонесува за судбината на својот народ и татковина не запираат, па така тој започнал со подготовките да создаде македонско-руски речник. Исто така, Чуповски во ракопис имал и лексикон за историјата, етнографијата, јазикот, фолклорот и културата на Македонија. Сите овие последни дела на Чуповски се засекогаш изгубени при бомбардирањето на [[Ленинград]] во [[1942]] година.
 
== Делото на Чуповски ==
 
Димитрија Чуповски ќе остане забележен во историјата како еден од најголемите борци за самобитноста на македонскиот народ како и за обединувањето на [[Македонија]] и нејзино конституирање во национална држава на [[Македонци|македонскиот народ]], за што со неговите соработници испратиле повеќе меморандуми до европските дипломати на Париската мировна конференција, а учествувале и на сесловенските конгреси во одбрана на правото на самоопределување на [[Македонци]]те и нивната татковина.
 
== Галерија ==
<center>
<gallery>
Податотека:Makedonski Glas.jpg|Првиот број на списанието “МАКЕДОНСКIЙ ГОЛОСЪ“ (мк: Македонски Глас) во коешто Чуповски и неговите соработници се борат за посебноста на Македонците.
Податотека:Dimitrija Cupovski.jpg|Портрет на Димитрија Чуповски
Податотека:Molba na MNLD Sv. Kliment Ohridski 1.jpg|Молбата до Советот на „Петербуршкото словенско благотворно друштво” од 1902 година, прв дел
Податотека:Molba na MNLD Sv. Kliment Ohridski 2.jpg|Молбата до Советот на “Петербуршкото словенско благотворно друштво” од 1902 година, втор дел
Податотека:Molba na MNLD Sv. Kliment Ohridski 3.jpg|Молбата до Советот на „Петербуршкото словенско благотворно друштво” од 1902 година, трет дел
Податотека:Cupovski, Dimov i Konstantinovic.jpg|Портрет на Димитрија Чуповски, брат му Наце Димов и [[Гаврил Константинович]] од Костурско.
Податотека:Stefan Dedov.jpg|[[Стефан Дедов]], македонски деец и пријател на Чуповски.
Податотека:Ustavot na MD vo Sankt Peterburg.jpg|Уставот на македонското другарство во Санкт Петербург, Русија.
</gallery>
</center>
 
== Литература ==
* [[Блаже Ристовски]], „Димитрија Чуповски: (1878-1940) и македонското научно-литературно друштво во Петроград: прилози кон проучувањето на македонско-руските врски и развитокот на македонската национална мисла“, Култура, Скопје, 1978.
* [[Блаже Ристовски]], „Димитрија Чуповски и македонската национална свест“, Скопје, 1996.
* [[Блаже Ристовски]], „Димитрија Чуповски и македонское националное сознание“, Москва, 1999.
 
== Забелешки ==
{{reflist}}
 
== Видете исто така ==
* [[Крсте Петков Мисирков]]
* [[Историја на македонскиот народ]]
* [[Македонски глас]]
* [[Македонска колонија во Петроград]]
 
== Надворешни врски ==
* [[:s:Писмо на Димитрија Чуповски до Неофит|Писмо на Димитрија Чуповски до Неофит]] на [[Викиизвор]].
* [http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=46 Димитрија Чуповски]
* [http://macedonian.atspace.com/knigi/mak_golos.htm МАКЕДОНСКIЙ ГОЛОСЪ - Број 1 (9 јуни 1913 година)]
* [http://mn.mk/istorija/298-dimitrija-cupovski Димитрија Чуповски]
* [http://www.makedonika.org/NarodnaVolja/stat_link17.html Националната дејност на Чуповски]
 
[[Категорија:Македонски револуционери]]
[[Категорија:Македонски политичари]]
[[Категорија:Македонски дипломати]]
[[Категорија:Македонски научници]]
[[Категорија:Македонски публицисти]]
[[Категорија:Македонски историчари]]
[[Категорија:Македонски картографи]]
[[Категорија:Македонски филолози]]
[[Категорија:Македонски македонисти]]
 
[[bg:Димитър Чуповски]]
[[en:Dimitrija Čupovski]]
[[es:Dimitrija Čupovski]]
{{Македонско национално движење}}
 
[[Категорија:Велешани]]
 
[[Категорија:Папрадиште (Велешко)]]
42

уредувања