Стар завет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ sodrzina
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Christianity}}
'''Стариот Завет''' е христијански назив за збирка од натписи кои [[Евреи|Евреите]] и [[христијани|христијаните]] ги сметаат за свети, а се состои од книга за светите закони, историја, пророштво и поезија. За [[јудеизам|јудеизмот]], списокот на овие свети книги го утврдил синодот во Јавнија (лат. Јаmnia) околу 90 години п.н.е. Раната црква го користила грчкиот превод која ги користела и некои од книгите кои ги немало во еврејскиот канон. Оваа книга православните и римокатолиците ја нарекуваат девтероканонска, а протестаните апокрифна книга.

Стариот Завет е дел от [[Библија|Библијата]], која ги опфаќа сите 50 книги, напишани пред Христос. СтариятСтариот Завет е пишуван во продолжение на 1100 години.

== Книги од Стариот Завет ==
Ред 46 ⟶ 45:
Околу 250 година пред Христос, [[грчки јазик|грчкиот јазик]] станал многу познат, бидејќи [[Грција]] во тоа време била светска сила. Многу [[Евреи]] биле расеани по целото грчко царство, па и тие имале силна желба да читаат од Светото Писмо за големиот и силен [[Бог]]. Оттаму и нивната желба да се преведе [[Библија]]та и на [[грчки јазик]]. На тој превод работеле 70 луѓе, па затоа и преводот бил наречен „Септаугинта“ (LXX). Овој превод уживал голем углед како помеѓу Евреите, така и помеѓу првите христијани.

==Содржина==
Стариот завет е откровението на еден номадски народ, кој се движел околу [[Средоземното Море]], меѓу Евроазија и Африка, по течението на реките [[Еуфрат]], [[Тигар]] и [[Нил]], а себе се нарекувал Израелов.<ref>Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, 2006 г., стр. 222.</ref> Во Стариот Завет се појавуваат околу педесетина различни литературни видови: митови, химни, молитви, историски записи, љубовна поезија, есеи, хронологија на родови, басни, реалистични приказни, разни изреки и друго. Приказните раскажуваат за верата, борбите, надежите и поразите на ликовите од еврејската заедница. Стариот Завет се дели на три основни делови: Историски книги (од 1. Мојсеева книга до книгата за Естера), Поучни книги (од книгата за Јов до Песната над песните) и Пророчки книги (од Исаија до Малахија). Најстарите книги во [[Библија|Библијата]] се Петте Мојсееви книги.

[[Втората Мојсеева книга]] изобилува со чудесни настани: претворање на горката вода во слатка, стапот во змија, правење сув пат среде [[Црвеното Море]]. Но, најважен дел од оваа книга е моралниот кодекс на однесување или [[Десетте божји заповеди]], кои [[Мојсеј]] ги добива на [[Синајската Гора]].

Делот наречен [[Писанија]] е најинтересен од литературна гледна точка. Содржи единаесет книги со различни содржини, а најдраматична е [[Повеста за Јов]], во која се зборува за божјата правда. Јов бил „непорочен и праведен“, и немало друг како него на Земјата. Дошол Сатаната кај Бог, и Бог му рекол да внимава на Јов, зашто е многу побожен и чесен. Сатаната одговорил дека е лесно да се биде чесен кога се има толку имот, здрави деца и сè што сака. Вистинската вера се докажува кога ќе му се одземе тоа на Јов, па прашање е дали тој уште ќе го слави Бога. Тогаш Бог се согласил Сатаната да го искуша Јов, само врз него да не крева рака и да не му ја зема душата. Тука почнуваат несреќите за Јов: го губи цел имот, децата му загинуваат, а самиот се разболел со страшни рани по телото. На сето ова Јов одговара:
:„''Гол излегов од утробата на мајка ми, и гол ќе се вратам. Господ даде, Господ зеде.

:''Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?''“

И тогаш започнува филозофската расправа за божјата справедливост меѓу Јов и неговите пријатели. Се изнесуваат разни тврдења за казните на Бога и нивната намена. Заклучокот е дека човек не може да проникне во божјата правда. На крајот од приказната, Бог го благословува Јов, и му враќа двојно од сè што изгубил. Многумина филозофи ја користат оваа библиска приказна за да расправаат на темата: божја правда. [[Кјеркегор]] и [[Колаковски]] пред сè се занимавале со прашањето: „Зошто Творецот, во чии раце стои сè, би му се докажувал на Сатаната?“ Колаковски напишал пародија на ова дело под наслов „Разговори со ѓаволот“, а [[Гете]] ја искористил како вовед во својот [[Фауст]].

[[Песна над песните]] се вбројува меѓу најдобрите поетски остварувања на древните литератури. Таа е во форма на дијалог, и низ седум пеења даден е цел развој на љубовта.
{{quote|Стави ме како знак на срцето

како печат на раката своја

зашто љубовта е силна како смрт

а љубомората тврда како гроб!

''Песна над песните''}}

Во Стариот Завет сликата на Бог е многу различна од претставата за него во христијанството - како бескрајна љубов. Старозаветниот Бог е „љубоморен осветник, господар на лутината, се одмаздува на своите противници, истраен во гневот кон непријателите. Јахве е бавен во гневот, но силен во моќта.“

Стариот Завет завршува со прорекување на појава на божјиот пратеник, месија, кој ќе го донесе новото учење. Со ова, Стариот и Новиот Завет се поврзани.

== Наводи ==
{{наводи}}

[[Категорија:Христијанско право]]