Боко Харам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 11:
 
==Напади==
* На 29 мај 2011 година, Боко Харам ја презеде одговорноста за серија бомбашки напади во северна Нигерија, во која загинаа 15 луѓе.
* На 26 јуни 2011, организацијата презеде одговорност за бомбашкиот напад во Маидугури, во кој за гинаа 25 лица.
* На 27 јуни 2011, организацијата презеде одговорност за бомбашкиот напад во Маидугури, во кој загинаа 2 девојчиња и беа повредени двајца царински работници.
*
* На 3 јули 2011, организацијата презеде одговорност за бомбашкиот напад во пивница во Маидугури, во кој загинаа најмалку 20 луѓе.
* На 10 јули 2011, Боко Харам изврши бомбашки напад врз црква во градот Сулеја, сојузната држава Нигер.
* На 12 август 2011, Боко Харам ја презеде одговорноста за убиството на познатиот муслимански свештеник Лиман Бана, во главната џамија во градот Н'гала, сојузната држава Борно.
* На 26 август 2011, организацијата изведе самоубиствен бомбашки напад со автомобил-бомба врз седиштето на Обединетите Нации во Абуџа, во кој загинаа најмалку 21 лице.
* На 16 октомври 2011, нигериската полиција осомничи членови на Боко Харам, за убиството на политичарот Моду Бинтубе, во градот Маидугури.
* На 22 октомври 2011, портпаролот на организацијата објави дека милитантни членови го заклале Алхаџи Закариа Иса, претставник на нигериската национална телевизија, под обвинение за шпиунажа во корист на владата.
* На 5 ноември 2011, организацијата ја презеде одговорноста за серијата координирани бомбашки напади во неколку градови во Нигерија, во кои загинаа најмалку 67 луѓе. Портпаролот на организацијата, за весникот ''The Daily Trust'' изјави дека ќе следуваат уште бомбашки напади.