Ден на востанието на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Историја на настанот: ситна поправка
Ред 24:
Фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 год. создаваат нови, потешки и посложени услови за југословенските народи и народности во нивната борба за национална и социјална слобода. Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.
 
За почеток на [[востание]]то против фашизмот во Македонија се смета нападот кој [[Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“|Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“]] го извршува во [[Прилеп]] на [[11 октомври]] [[1941]] година. При нападот, партизаните се распределуваат во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората - затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација. Во нападот учествуваат 16 партизани. Помеѓу партизаните немало загинати, а бил убиен стражар од участокот во Прилеп од Душан Наумовки. Татко му на Наумовски бил пријател на сражарот Петар Колев, коj бил местен човек, мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.<ref>[http://217.16.70.245/?pBroj=1539&stID=19942&pR=15 „Првата пушка ја испукаа 16 прилепски храбри момчиња“], Утрински весник</ref> Учесници во нападот се: [[Трајко Бошкоски - Тарцан|Трајко Бошкоски – Тарцан]], [[Борка Талески]], [[Благоја Корубин]], [[Мице Козароски]], [[Душко Наумоски]], Милан Димоски – Коке, Драган Спиркоски – Максо, Благоја Спиркоски, Аспарух Јосифоски, Никола Попоски – Просветениот, Јонче Јаничот, Перо Крстески, Душан Ристески – Кашата и други.<ref>[http://217.16.70.245/?pBroj=1539&stID=19942&pR=15 „Првата пушка ја испукаа 16 прилепски храбри момчиња“], Утрински весник</ref>
 
Дејствија има и во Кумановско. На [[12 октомври]] [[1941]] година, во областа [[Студена вода]] е формиран [[Кумановски партизански одред|Кумановскиот (Козјачки) партизански одред]], а во областа Менкова колиба [[Карадачки партизански одред|Карадачкиот партизански одред]]. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на [[14 октомври]], а Козјачкиот одред - на [[17 октомври]].<ref>Ванчо Николовски „НОВ без догми 1941-1942“, „Глобус“, Скопје, 1997, 127-128 стр. </ref> [[Скопски партизански одред|Скопскиот партизански одред]], формиран веќе во август, не зема активно учество во овие настани. Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.