Анархизам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 39:
 
==== Неодамнешни равиени школи на анархизмот(по 1960-тите) ====
Анархизмот продолжува да генерира многу еклектични и синкретични философии и движења; со заживувањето на анархизмот во 1960-тите, бројни нови движења се појавуваат и школи. Такви движења се [[Анархистички феминизам|анархофеминизмот]], [[Анархопримитивизам|анархопримитивизмот]], [[Зелен анархизам|зелениот анархизам]], [[Анархокапитализам|анархокапитализмот]], [[Постанархизам|постанархизмот]] и [[Постлевичарски анархизам|постлевичарскиот анархизам]].
Постлевичарскиот анархизам е тенденција која се дистанцира од традиционалната [[левица]]. Постлевичарите сметаат дека анархизмот е ослабен од неговите долги обиди да се спои со левичарските движења и повикуваат на синтеза на анархистичката мисла и особено антиавторитарно револуционерно движење надвор од левичарското миле.
Постанархизмот е теоретски потег кон синтеза на класичната анархистичка теорија и постструктуралистичката мисла развиена од [[Сол Њумен]] и поврзана со мислители како [[Тод Меј]], [[Џил Делеуз]] и [[Феликс Гаутари]]. Теоријата влече од широк спектар на идеи како [[Автономизам|автономизмот]], послевичарскиот анархизам, [[Ситуационизам|ситуационизмот]], постколонијализмот, [[Запатизам|запатизмот]].